HTC U Ultra изненади со тестовите на батеријата

HTC U Ultra е огромен смартфон со 5.7 инчен екран со Quad HD резолуција, но батеријата е во рамките на просекот од само 3000 mAh што на прв поглед се чини дека нема да биде доволно за да ги издржи сите активности во полно темпо.

Сепак, последните тестови покажуваат дека HTC U Ultra има добра оптимизација и во активна употреба со комбинирани функции може да издржи 6 часа и 56 минути, што на пример е подобро дури и од Galaxy S7 кој на истиот тест издржал 6 часа и 37 минути.

Што мислите вие за HTC U Ultra, дали е доволно привлечен во високата класа?


No comments

Powered by Blogger.