Претставен е новиот Galaxy S8


Ако после претставувањето на Galaxy S7 Edge помисливте дека Самсунг го достигна својот врв во производството на паметни телефони, тогаш дефинитивно мора да го погледнете најновиот адут на јужнокорејската компанија.

Претседателот на мобилните комуникации при јужнокрејски Самсунг, Ди Џеј Кох го отвори овогодишниот Samsung Galaxy Unpacked во Њујорк, со пораката: „Тоа што за оваа генерација е невозможно, за следната ќе биде нормално“.

„Ова беше година на предизвици за Самсунг. Исполнета со вредни лекции, тешки одлуки и нови почетоци. Сепак, денес не го славиме само лансирањето на новиот телефон, туку прославуваме и создавање на свет кој што повеќе не е во кутија, туку е отворен и создава нови искуства“, порача Кох.

Тој порача дека Самсунг се посветени на безбедноста и квалитетот на нивните телефони и нагласи дека ова е една нова ера на дизајните на телефоните - без рабови, без граници, телефон кој е олицетворение на посветеноста на Самсунг на дизајнот и иновациите.

Кох посебно го истакна скенерот за отпечатоци на прсти, Ирис скенерот, новиот начин на препознавање на лице, неверојатната камера, новиот тип на батерија и порача дека сето ова е само почетокот!

Екран без крај...

"Infinity Display" е името на новиот екран од очигледни причини. Нема рабови, нема сопирање пред самите агли на рамката. Двата телефони се со закривен екран, но со различни димензии - 5,8 и 6,2 инчи. Во секој случај, телефоните не се преголеми, Самсунг успеале да го склопат металот и стаклото така што телефонот е лесен за користење со една рака.



Секоја компонента од телефонот е намалена, а од друга страна екранот е зголемен. Таму каде што имаше рабови, сега има екран. Исто така, резолуцијат од 2.960 x 1.440 пиксели овозможува слобода за користење на повеќе апликации одеднаш, како и за врвно доживување при гледањето на видео записи.

"Infinity Display" е опремен со Mobile HDR Premium опција, која што овозможува приказ на појасни бои кои што истовремено се поизразени и „посилни“.

Поголема моќ, но и безбедност

За Galaxy S8 и Galaxy S8+ да можат „да излезат на крај“ со вака голем и моќен екран, го добија Samsung Exynos процесорот изработен во 10 нанометарски процес кој овозможува потрошувачка на помалку енергија, но и испорака на поголема моќност. Тука секако е IP68 стандардот за водоотпорност, бежично полнење, батерии од 3,000 односно 3,500 mAh.



Комплексните лозинки ќе бидат заменети од Ирис скенерот за очи, скенерот за отпечатоци на прсти и сосема новиот биометриски систем за препознавање на лицето на корисникот кој што мапира 3Д мапа на лицето и го отклучува телефонот откако ќе детектира дека тоа сте навистина вие. Овој начин е брз и според експертите е невозможно да го измамите системот.

Samsung (Harman) за подобар звук и повеќе забава


Самсунг соопшти дека Galaxy S8 и Galaxy S8+ ќе бидат достапни во Европа на 28-ми април заедно со слушалки на Harman кои што ќе се наоѓаат во кутијата на телефонот и со брз полнач.

Покрај тоа, Galaxy S8 и Galaxy S8+ ќе добијат сосема нов Gear VR со Bluetooth контролер кој ќе овозможи интеракцијата да се прошири на допирање на виртуелни работи, а не само гледање.



Тука е и новата Gear 360 камера која сега ќе поддржува 4К снимање, ќе има унапредена оптика, а ќе пристигне со нов дизајн на рачка која поедноставно се држи. Цената на камерата ќе изнесува 350 евра, а новиот Gear VR заедно со контролерот ќе се продава по цена од 129 евра.

Galaxy S8 се претвора во PC

Новиот геџет кој ќе се продава за 150 евра се нарекува Samsung DEX и се активира така што телефонот се става на него и тоа е тоа. Поентата на овој додаток е сликата од телефонот да ја префрлите на вашиот телевизор, а Samsung DEX се поврзува и на глувче и тастатура. Microsoft е еден од главните партнери кога станува збор за овој геџет, а од Самсунг велат дека DEX е Samsung DEX е идеален за „бизнис“ корисниците кои што лесно ќе можат да пишуваат на Word, Excel, Power Point и слично со помош на геџетот.

Поддржано е прикажување на повеќе прозорци одеднаш, а можат да се прикажат сите апликации на Самсунг, Гугл, Мајкрософт и други апликации. Секао, овој геџет ќе биде одличен и за гејмерите кои ќе можат да ја искористат одличната графика на телефонот и да играа со помош на Galaxy S8 и Galaxy S8+ на телевизорот.



Samsung Galaxy S8 спецификации:


Екран: 5,8 инчи (14,75 сантиметри), Super AMOLED (2.960 X 1.440 пиксели), 570 ppi, Corning Gorilla Glass 5 заштита, 3D Touch и Always On опции.

Процесор: Qualcomm MSM8998 Snapdragon 835 или Exynos 8895

RAM: 4 GB (6 GB само за кинескиот пазар)

Интерна меморија: 64/128 GB

Камера: 12 MPx f/1.7, OIS опција, LED блиц, HDR, хибриден фокус, 4К видео

Селфи камера: 8 MPx, f/1.7, dual video, Auto HDR

Батерија: 3,000 mAh

Големина: 148 x 68 x 8 милиметри

Тежина: 151 грам

Оперативен систем: Android 7.0 Nougat

Поврзување: NFC, Samsung Pay (Visa, MasterCard), GPS, GPS-A, Glonass, LTE 4G, 3G, GSM, 3.5 mm audio (24-bit/192 kHz), Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, dual-band, Wi-Fi Direct, hotspot, Bluetooth v4.2, A2DP, LE, aptX, USB Type-C + microUSB во пакетот, USB Host

Останато: IP68, microSD, скенер за отпечатоци на прсти и лице, Ирис скенер...

Samsung Galaxy S8+ спецификации:

Екран: 6,2 инчи (14,75 сантиметри), Super AMOLED (2.960 X 1.440 пиксели), 530 ppi, Corning Gorilla Glass 5 заштита, 3D Touch и Always On опции.

Процесор: Qualcomm MSM8998 Snapdragon 835 или Exynos 8895

RAM: 4 GB (6 GB само за кинескиот пазар)

Интерна меморија: 64/128 GB

Камера: 12 MPx f/1.7, OIS опција, LED блиц, HDR, хибриден фокус, 4К видео

Селфи камера: 8 MPx, f/1.7, dual video, Auto HDR

Батерија: 3,500 mAh

Големина: 59 x 73 x 8.1 милиметри

Тежина: 173 грам

Оперативен систем: Android 7.0 Nougat

Поврзување: NFC, Samsung Pay (Visa, MasterCard), GPS, GPS-A, Glonass, LTE 4G, 3G, GSM, 3.5 mm audio (24-bit/192 kHz), Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac, dual-band, Wi-Fi Direct, hotspot, Bluetooth v4.2, A2DP, LE, aptX, USB Type-C + microUSB во пакетот, USB Host

Останато: IP68, microSD, скенер за отпечатоци на прсти и лице, Ирис скенер...








No comments

Powered by Blogger.