Ново видео го покажува Galaxy S8 во акција




Во мрежата се појави нов краток клип, ѕвездата на кој е сеуште ненајавениот Galaxy S8.
Видеото го покажува уредот во акција и ни го покажува неговиот преден дел и задниот, како и почетниот екран. Во пракса, клипот потврдува сè што веќе слушнавме многупати – екран речиси без рамки, заоблени агли, камера за препознавање на лицето и скенер за отпечатоци на грбот.

Што се однесува до софтверот, покажениот тука Galaxy S8 изгледа користи нов интерфејс, кој се очекува со оваа верзија на предводникот. Ќе видите уште и нови икони за некои од менијата и функциите, пишува Phone Arena.

Видеото е прилично кратко и реално не ни покажува ништо ново освен еден функционален Galaxy S8. Ова може да биде прототип или пак некоја рана едиција – искрено, во оваа фаза и неколку дена пред премиерата, тоа веќе не е важно.

No comments

Powered by Blogger.