Сè поизвесна победата на Ле Пен, враќање на франкот, игнорантски став на Трамп...Ќе се распадне ли Еврозоната?


Политичката неизвесност, теоретски можната победа на Марин Ле Пен која заговара враќање на франкот на претседателските избори во Франција и игнорантскиот став на новата американска администрација кон институциите на ЕУ, го заостриле прашањето дали еврозоната ќе се распадне.
Во расправите од овој вид најлесно е да се потпрете на стратегијата за чекање. Но, чекањето има своја цена. Поради тоа внимателно треба да се мерат користа и трошоците.

Вагата покажува дека еврозоната би можело уште долго да опстане. Трошоците на распадот се многу поголеми од користа.


Корист од распадот на еврозоната

По првите десет години од големиот успех на еврото, кризата во Грција го отворила прашањето за смислата на постоењето на еврозоната. Како е можно толку различни држави како што се Германија и Грција да имаат иста валута? Нема ли Грција да излезе од кризата ако ја врати драхмата и да дозволи нејзината вредност да падне? Можеби истото важи и за уште некои земји од европскиот југ.

Логиката е едноставна: евтината домашна валута значи дека извозниците би заработувале повеќе и повеќе би вложувале, или би се нашле во можност поевтино да ги нудат своите производи и услуги за извоз, па така и би го зголемиле производството, додека увозните производи би биле поскапи, па наместо производи и услуги од увоз, повеќе би се купувало домашно.

Неколку услови мора да бидат задоволени за таквото сценарио да се случи. Цените и платите во земјите по падот на вредноста на валутата не смеат да реагираат во нагорна линија. На пазарот на капиталот и работата мора да има многу неискористени ресурси, кои можат брзо да се внесат во погон. На пазарите за финални добра ценовната конкуренција мора да биде поважен фактор од иновацијата и квалитетот. Со други зборови, валутата мора да биде сериозно преценета така што падот на нејзината вредност ќе води кон економска рамнотежа со поголемо ниво на вработеност.

Објавеното истражување на "Deutsche Bank" покажува дека историските односи на цените меѓу земјите членки на еврозоната не покажуваат големи отстапки од рамнотежата. Аналитичарите на "Deutsche Bank" ги земале во предвид и долгорочните односи на цените меѓу државите од периодот кој му претходел на воведувањето на еврото. Ги набљудувале промените на цените од тогаш до денес и заклучиле дека во еврозоната нема поголеми отстапки од рамнотежата. Поточно, таа се движи од +/- 10% или 15% во екстремни случаи. Но, историски гледано, и тие 10-15% не се значајни отстапки со чија корекција би можеле да се решаваат долгорочни развојни проблеми во одредени земји. Користа од распадот на еврозоната би можела д


Трошоците од распадот на евро-подрачјето

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека трошоците би биле извесни и големи. Би дошло до пречки во составот на меѓународното плаќање. Во европскиот банков состав, кој достигнал многу висок степен на интеграција, би се појавиле пукнатини. Тековите на капиталот меѓу државите ќе се намалат, веројатно за подолг временски период. Новите валути на југот би можеле да доживеат сериозен пад, се до драматични 70%, колку што се проценува за Португалија.

Со оглед на намалената можност за координација на економските политики во случај на распад на монетарната унија, големите промени во однос на валутите би имале уште три негативни последици. Прво, пореметените очекувања и неизвесноста во поглед на функционирањето на новите институционални и политички односи би предизвикале будење на инфлацијата и понатамошна депрецијација на валутите. Животниот стандард на граѓаните би бил загрозен. Поради тоа е под знак прашање дали идната германска валута воопшто би апрецирала по распадот. Истражувачите од банката проценуваат дека вредноста новите валути предводени од марката би паднале во однос на доларот. Второ, сите земји кои вовеле евро, освен Грција, уживаат во непречен пристап во финансирање кај Европската централна банка, која ги прифаќа нивните државни обврзници како залог за монетарни операции. Проценката е дека самостојните централни банки на многу држави би имале помал капацитет за рефинансирање од сегашниот во рамките на еврозоната.

Трето, неизвесноста и ризикот би довеле до зголемени колебања во девизниот курс, што докажано пречи во меѓународната размена.

Свеста за трошоците од распадот е прилично раширена, не само во работниот сектор и меѓу експертите, но и меѓу граѓаните. Кога Сириза ја преземала власта во Грција пред две години, граѓаните порачале дека сакаат помал долг, но не и враќање на драхмата. Многу луѓе се свесни дека логиката "послаба валута - поголем извоз" претставува само мал дел од валутната проблематика.

Поради тоа, големо е прашање е колку на Марин Ле Пен ќе и се исплати инсистирањето за разбивање на еврозоната.

No comments

Powered by Blogger.