Хит фотографии: "Канадскиот премиер се сетил каде сè биле рацете на Трамп"

Пишува: Точка

Американскиот претседател Доналд Трамп го примил на гости канадскиот премиер Џастин Трудо.
Откако биле објавени фотографиите од состанокот во Белата куќа, корисниците на социјалните мрежи добро се позабавувале со нив.

Посебно им била интересна фотографијата на која Доналд Трамп му подава рака на Џастин Трудо.

Фотографијата била споделена преку "Twitter" и "Facebook", со бројни шеги и измени.

Корисниците на социјалните мрежи така се шегувале и на сметка на малите раце на Трамп, но и се потсетиле на контроверзното досие со наводните информации за тоа што правел Трамп во Москва со проститутки.

"Џастин Трудо се сетил каде сè биле рацете на Трамп", напишал еден корисник на Твитер.


"Џастин Трудо гледа во раката на Трамп како туку што да го прочитал руското досие", вели друг.



Justin Trudeau is looking at Trump's hand like he just read the Russian Dossier
Еден корисник на "Reddit" ја изменил фотографијата така што изгледа дека Трамп му подарува перика на Трудо за да личи на него.


Друг корисник на оваа социјална мрежа на фотографијата додал мал холограм од Владимир Путин со пораката: Ова момче ми кажува што да мислам".

Внимание привлекла и снимка од нивното необично ракување во кое Трудо силно ја зграбил раката на Трамп, и на тој начин го спречил американскиот претседател да го изведе своето "чудно, доминантно ракување".



That moment Trump tried to pull that weird handshake bit and Trudeau was like not today, motherf**ker. Not today.
Изгледа дека Трудо ја научил лекцијата кога го видел ракувањето во кое Трамп речиси ја крши раката на јапонскиот премиер Шинзо Абе.




's awkward handshake with Japan's Prime Minister  was PAINFUL to watch! (sound on for full enjoyment!)

No comments

Powered by Blogger.