Шах мат за Deutsche Bank: Како да наплатат долг од 300 милиони долари... од претседателот на најмоќната земја на светот

Пишува: Точка

Дали една од водечките германски банки ќе побара имот на американскиот претседател Доналд Трамп? Едно е јасно - „Дојче Банк“ моментално е во прилично незгодна ситуација.

Еден детал во позајмицата која што "Deutsche Bank AG" (DB) му ја одбрила на компанијата на првиот човек на Белата куќа - Доналд Трамп, се претвори во вистинска главоболка за германската банка која што моментално вложува големи напори во реструктуирање на 300 милиони долари високиот долг кој што го има американскиот претседател.

Најголем проблем претставува личната гаранција која што Доналд Трамп ѝ ја дал на германската банка кога преговарал за долгот во периодот од 2012-та до 2015-та година, им открил на новинарите на Bloomberg извор упатен во преговорите.

Иако долгот за голф терените на Флорида, хотелот во Вашингтон и кулата во Чикаго е отплатен, според договорот, доколку позајмицата пропадне, банката може да започне процес во кој што ќе го побара имотот на Доналд Трамп за да ги компензира своите загуби.




Со оглед на тоа што Доналд Трамп победи на ноемвриските претседателски избори во Соединетите Американски Држави, првите луѓе на германската банка сега се обидуваат да смислат стратегија со која што би ги заобиколиле потенцијалните непријатности со кои што би се соочиле кога би го побарале долгот од првиот човек на најмоќната земја на светот.

Проблемот е во тоа што, пред се, доколку банката одлучи да му го прости постоечкиот неисплатен долг, банката ќе биде обвинета за „злоупотреба“ и „стекнување на влијание над американскиот претседател“, пренесуваат американските медиуми.



Од друга страна, доколку „Дојче Банк“ го побара имотот на американскиот претседател, би се соочила со потенцијален гнев на компаниите во сопственост на Доналд Трамп, а со тоа, индиректно банката ќе стане „трн во око“ на американската администрација.

Дискусиите околу иднината на позајмицата на Доналд Трамп моментално се префрлени во рацете на експертите за позајмици, под контрола на менаџерите кои што вршат проценка на потенцијалните политички ефекти кои што банката би можела да ги има, им открил изворот на новинарите на Bloomberg.

No comments

Powered by Blogger.