Се продава BMW-то во кое е убиен Тупак Шакур


Еден од најпопуларните, а според многумина и најдобриот рапер на сите времиња, Тупак Шакур, беше убиен во 1996. година, на совозачкото седиште на автомобил од марката BMW.

Нападот се случил во Лас Вегас, кратко по боксерскиот меч помеѓу Брус Селдон и Мајк Тајсон. Додека престижната баварска лимузина стоела на еден од семафорите, од десна страна пришол бел Кадилак, од кој биле испукани неколку куршуми кон совозачот. Тупак починал шест дена подоцна, во својата 25-та година. До денес не е разјаснето кој го нарачал убиството и кој го повлекол чкрапалото таа ноќ.

Убиството на еден од најдобрите рапери поттикна бројни теории за неговата позадина, па не нè чуди што работите во сопственост на Тупак предизвикуваат голем интерес на аукциите. Ова особено важи за предметите кои биле во негова околина за време на атентатот.

BMW-то од серијата 7 е еден од нив, а за тоа сведочат и фотографиите од дупките на куршумите кои завршиле во германскиот автомобил.



Иако станува збор за најпрестижната верзија, 750 iL, но и фактот дека припаѓа на Тупак, сепак тешко може да се оправда високата цена. Продавачот на овој автомобил бара, ни помалку ни повеќе, туку 1,5 милиони евра, што е околу 150 пати повеќе од просечната цена на овој модел на BMW на американскиот пазар.

Да се потсетиме, Hummer-oт на Тупак, минатата година беше продаден на аукција за сума од 337.144 долари, што е три пати повеќе од проценката на аукциската куќа.

No comments

Powered by Blogger.