Полициско Јети непрописно свртело и во него удрил мотор

Момчето кое го возело моторот е тешко повредено и се наоѓа во животна опасност.

Вечерва на раскрсницата кај гимназијата Јосип Броз Тито, полициско возило без вклучено ротациско светло и сигнализација непрописно свртело полукружно , при што се судрило со мотор. Момчето кое го возело моторот паднало на асфалтот откако било исфрлено неколку метри во воздухот.


Сега, момчето се наоѓа во животна опасност поради здобиените повреди. Од официјални извори дознавме дека станува збор за градски лик кој има работено како менаџер во повеќе ноќни клубови, а името нема да го откриеме поради етички причини.


Извор: Ѕид на сообраќајниот срам

No comments

Powered by Blogger.