Јапонија ѝ понудила на Русија нешто неочекувано: Ако прифатат, тоа ќе биде финансиска бомба

Пакетот предлози, вклучувајќи и мерки за туризам и риболов, но и заедничка електронска валута, ќе биде претставен во текот на разговорите помеѓу Русија и Јапонија денес во Токио.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, новата крипто валута би можела да се користи наместо руски рубљи и јапонски јени, а се очекува дека ќе придонесе за развојот на јужниот дел на Курилските острови и северното јапонско подрачје Хокаидо.



Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рекла дека Москва е подготвена да ги разгледа предлозите на Токио, додавајќи дека тие мора да бидат во склад со руските закони.



Проблемот со Курилските острови датира од крајот на Втората светска војна, кога Русија го добила архипелагот под своја контрола со Декларацијата од Потсдам, но Јапонија никогаш не го прифатила тоа.

No comments

Powered by Blogger.