"Меланија, не биди тврдоглава": Американците потпишуваат петиција против првата дама на САД

Пишува; Точка

Речиси 100.000 луѓе ја потпишаа петицијата која апелира до првата дама на САД да ја напушти својата моментална адреса, Трамп кулата, и да се пресели во Белата куќа кај нејзиниот сопруг.

Причина - парите кои даночните обврзници ги издаваат за нејзината безбедност се огромни.

Меланија Трамп одлучила да остане во Њујорк се додека нивниот син Барон не ја заврши учебната година. Потписниците на петицијата не се согласуваат со оваа одлука, сметајќи дека првата дама со својата тврдоглавост троши огромна сума на пари од федералниот буџет, бидејќи по закон, семејството на претседателот има право на обезбедување.



Според првичните проценки, обезбедувањето на семејството Трамп би требало да чини околу милион долари дневно, но оваа проценка била променета. Во соопштението од полицијата од Њујорк се наведува дека за безбедноста на семејството Трамп во периодот од изборите (9-ти ноември) до инаугурацијата (20-ти јануари) биле потрошени 24 милиони долари.



Полициските извештаи откриваат дека обезбедувањето на првата дама и нејзиниот син ќе чини помеѓу 127.000 и 146.000 американски долари на ден. Овие трошоци на дневно ниво би можеле да пораснат до 308.000 американски долари кога претседателот е во градот, односно во посета на своето семејство. Точно, Трамп од инаугурацијата не оди во Њујорк, но затоа има отидено неколку пати во свпоето луксузно одморалиште Mar-a-lago.



Потписниците на петицијата се бесни на првата дама, а судејќи според коментарите на форумите во Америка, тие веруваат дека Меланија сама треба да си ги плаќа трошоците за одвоениот живот од сопругот ако веќе не сака да се пресели во Белата куќа. Но тоа не е единствената работа за која и' замериле. Со одлуката да не живее во претседателската резиденција, Меланија крши важна традиција. Сите сопруги на претседатели живееле во Белата куќа додека траел мандатот на нивните сопрузи.



a

No comments

Powered by Blogger.