Приказна како на филм: После сообраќајна несреќа, богаташ ја пронашол љубовта и сите пари ги дал во хумани цели

Пишува: Точка

Бизнисменот и милионер успеал да го потроши речиси целото свое богатство за позитивно да влијае на животите на другите луѓе, откако доживеал сообраќајна несреќа поради која завршил во затвор, а потоа ја запознал љубовта на неговиот живот која му го променила животот.

Сега 38 – годишниот Маци Думато, пораснал во Бразил и Дубаи, а кога доживеал тешка сообраќајна несреќа во ланчан судир со неговото Ферари, одлучил да го преиспита својот живот и да тргне на патување.



Таму ја запознал неговата денешна сопруга Милена и реиси 3 милиони долари ги потрошил за лекување на семејството и на хуманитарни здруженија.

Како успешен веб дизајнер заработил големо богатство, а работел и за компании кои се занимаваат со маркетинг и недвижнини во Дубаи. Тој вели дека како својата трансформација од „плејбој до скромен хуманитарец“ и` ја должи на својата сопруга и на несреќата. Тој додал дека мислел оти постигнал се` во животот кога купил Ферари, но дека затворот му помогнал да сфати дека е ист како и сите други.



Откако излегол од затвор почнал да патува и во Бразил ја запознал сопругата која тогаш работела како волонтерка во Конго, која и самата се лекувала од леукемија.



„Ја запознав оваа жена веднаш откакосе врати од Конго и таа е сега мојата сопруга Милена, која неверојатно ме инспирираше. Почнавме да живееме заедно и да правиме планови за тоа што се` би можеле да направиме. Таа навистина допре до многу луѓе, од бебиња до најстарите луѓе во селото. Сите ја сакаат, не поради парите кои ги дава, туку поради нејзиното време. Тогаш сфатив дека хуманитарната работа не е делење на пари, туку посветување на сопственото време на други. Сфативме дека не можеме да им ги даваме парите на хуманитарни здруженија, туку дека треба да основаме свое“, рекол тој.



Маци и неговата сопруга живеат во Јужна Америка каде што имаат ресторан во кој спијат ако не се во својот VW кампер.



„Всушност, јас се откажав од целото мое богатство. Кога заминав од Дубаи, имав околу три милиони долари. Околу милион потрошив на земјишта, а два милиони на болничките сметки на мојата жена, на мојата после несреќата и на сметката на мојот брат кој имаше тумор на мозокот поради кој се` уште се наоѓа во болница. Со тие пари изградивме одделение на интензивната нега во Флорианополис каде што ќе го преместиме и него. Тој е последниот жив член на нашето семејство и воопшто не размислував кога требаше да му помогнам“, раскажал овој препороден човек.

No comments

Powered by Blogger.