Излет на потонатиот Титаник: Предизвик кој нема да го одбие никој авантурист

Пишува: Точка

Пријавите за посета на бродот ќе започнат од мај 2018 година, а првите спуштања и посети ќе бидат можни од јуни 2019 година...

Најпознатиот и најславниот брод во светот, бродот за кој се пишувани книги и се снимани филмови, повеќе од 100 години лежи на дното на Атлантикот, поточно од 1912 година кога се судрил со санта мраз.



Сепак, за две години, заинтересираните за разгледување на Титаник, па макар и на неговите остатоци, ќе можат да го видат славниот брод, и тоа благодарение на британската туристичка компанија Blue Marble Private, која почнува да нуди излети на потонатиот Титаник!

Имено, група патници ќе можат преку агенцијата да уплатат осумдневно патување на брегот на Њуфаундленд во Канада, таму каде што лежат остатоците од најславниот брод било кога.



Како што веќе споменавме, таму се наоѓа од 15 април 1912 година, а сигурно е дека несреќата која ја доживеал Титаник е најмногу раскажуваната од сите „бродски приказни“.

Пријавите за посета на бродот ќе започнат од мај 2018 година, а првите спуштања и посети ќе бидат можни од јуни 2019 година. Посетителите ќе се спуштат дури 4 илјади метри под морската површина во посебно дизајнирана опрема и со стручно водство. Посетата ќе вклучува прошетка по славниот брод, а со оглед на лимитираниот број на места, тие кои ќе успеат да се спуштат до Титаник навистина ќе бидат среќници со голем авантуристички дух. Секако, и со длабок џеб.



Имено, за овој авантуристички потфат се запишале веќе девет луѓе, а секој од нив ќе одвои „ситница“ од повеќе од 105.000 долари. Само за споредба, крстарењето со Титаник во 1912 година во прва класа чинело 4.350 долари.

No comments

Powered by Blogger.