Обезбедување во банка во Куманово исфрлило граѓанин кој чекал да ја прими социјалната помош



Засега не е позната причината поради која се случил овој инцидент.

Како што пишува порталот „Специјал“, во понеделникот попладне во експозитура на една банка во Куманово настанал инцидент откако обезбедувањето сакало да исфрли еден граѓанин кој чекал во банката за да ја прими социјалната помош.

Неговата сопруга, која се изненадила и се потресла од однесувањето на обезбедувањето, се обидела да му помогне, но поради доживеаниот шок на крајот се онесвестила, по што интервенирала Брза помош.



Немилиот настан се случил пред очите на голем број граѓани, кои чекале во долги редици во банката.

No comments

Powered by Blogger.