Хитлер бил луд по неа, а Стефани не ни сонувала дека е во срцето на најголемиот диктатор



Уште како гимназијалец, Хитлер се заљубил на прв поглед во преубавата Еврејка, Стефани Исак. Сепак, никогаш не собрал доволно храброст да и' пријде и да ги открие своите чувства.

Стефани Исак подоцна се омажила, но не престанала да му биде опсесија на Хитлер и неговата невозвратена прва љубов. Две години постара, девојката од средната класа за него претставувала поим за женственост и убавина.

"Сакаше да делува како ненадејно да се појавил токму на местата на кои неговата муза најчесто се шеташе, внимателно ја следеше каде оди, што се случува и така се обидуваше да воспостави контакт." Пријателот на Хитлер од детството, Аугуст Кубизек од први редови ги набљудувал љубовните маневри на гимназијалецот. АДолф еден ден го повлекол за рака и го прашал што мисли за русокосата, витка девојка која се шета рака под рака со мајка и'. На Адол веќе се му било јасно, му кажал на пријателот "Треба да знаеш дека сум заљубен во неа" , пишува Дајан Дакре во својата книга "Жените на Диктаторот - За љубовните маки на младиот Адолф."




Стефани многумина ја гледале и ја посакувале. Имала отмен, благороден изглед, висока и витка, убава густа коса - најчесто во пунџа. Очите и' биле експресивни и постојано била уредно облечена, лесно било да се забележи дека е од добро семејство.

"Секој ден се појавуваше на местото од кое поминуваше Стефани за да и' се восхитува. Хитлер не ја поздравуваше, а се осмели да размени поглед со неа само неколку пати. Наскоро во нејзините прошетки и' се придружи некое младо момче, а Хитлер започна да врие од нервоза".. пишува во книгата. Кубизек го информирал дека тоа е само братот на убавата Стефани, па ова малку го смирило диктаторот. Меѓутоа Хитлер се уште не можел да собере храброст да воспостави контакт со неа. Долго време ја набљудувал, а таа некогаш му враќала со насмевка. "Кога ќе го примеше овој мал подарок се на светот стануваше добро, убаво и хармонично", раскажува пријателот. Хитлер тогаш бил среќен, вистински среќен. Во спротивно, кога го игнорирала бил подготвен да се уништи и себе и целиот свет.




When Hitler was 16, he became madly, passionately infatuated with a girl named Stefanie Isak.


Таа едноставно морала да го сака, во тоа бил сигурен. Хитлер, без двоумење, знаците з анејзината очигледа незаинтересираност за него ги толкувал како "намерна диверзија со цел да ги сокрие вистинските, силни емоции и чувства кон него". Бил заљубен па светот го толкувал според своите сопствени теории. Сепак се уште одбивал да и' пријде. Што би и' кажал? "Добар ден, се викам Адолф Хитлер, моментално не се занимавам со ништо.." - Тоа му звучело апсурдно, па својот проект го одложил за некој датум во подалечна иднина - кога ќе стане академски уметник, сликар на пример. Бил уверен дека СТефани нема други желби освен да го чека додека тој не ја побара за жена.

Аугуст Кубизек, кого Хитлер го запознал во Линц, е единствениот пријател од неговата младост за кого знаеме денес. И двајцата сонувале да станат уметници и ги обожувале делата на Вагнер. Кубизек и Хитлер заминале заедно во Виена, но за разлика од идниот нацистички диктатор, Густл (како што Хитлер го нарекувал нагалено својот пријател) се запишал на Конзерваториумот во Виена и го завршил, а Хитлер никогаш не успеал да се запише на ликовна академија.




View image on TwitterView image on Twitter

facts about 
In young age Hitler love to Jewish girl Stefanie Isak he never tell her BCZ fear of rejection


Кратко време пред својата смрт, Кубизек ја објавил својата книга "Младиот Хитлер кој го познавав".

"Тој секогаш велеше дека "ќе и' пријде утре", но тоа утре никогаш не дојде, а недели, месеци, години поминуваа без било каков обид да ја промени ситуаицјата која толку го вознемируваше. Секако, кога би дошол во можност да поразговара со неа ќе сфатеше дека Стефани е всушност само обична тинејџерка, а не реинкарнираната Валкира која ги дели неговите надежи, идеали и планови. Сепак и ова најверојатно би го разбеснило, бидејќи во неговиот ум оваа сосема обична австриска девојка беше совршена, и било какво отстапување од овој идеал би го исполнило со неопсилива мизерија" - раскажува неговиот пријател Кубизек.

Извесно време си замислувал како да ја киднапира, но не знаел каде да ја однесе и од што би живееле. Па тука следеле и мислите за самоубиство во кое секако би го следела и Стефани.

Последната епизода од оваа "платноска љубов на далечина" се одиграла за време на цветниот фестивал во Линц кој се одржувал секоја година во пролет. Стефани која марширала на фестивалот му дала пупка од роза. За Адолф во тој момент светот никогаш не изгледал поубав. "Ме сака! Виде ли? Таа е заљубена во мене!" извикал. Овој цвет го чувал како реликвија. Во моментот кога морал д аго напушти градот во 1907-ма година, конечно собрал храброст да и' напише писмо во кое свечено изјавува дека заминува во главниот град на Австриската империја каде што има намера да студира ликовни уметности.




Стефани го примила писмото во кое нејзиниот иден сликар и' предлага брак, но била сосема збунета бидејќи не знаела кој и' го испраќа. Хитлер не се потпишал. Таа воопшто не се сетила дека станува збор за тоа едно момче кое внимателно ја следело со поглед но никогаш не се приближувало до неа.

"На неа можам да и се заблагодарам за најчистите соништа во мојот живот", велел Хитлер.

истата година од рак на дојка умира мајка му на Хитлер, три дена пред Божиќ. Тој тогаш имал само 18 години. Го напуштила жената која секогаш го опсипувала со љубов, грижа и внимание. Хитлер од тогаш барал само женско друштво. Во неговите очи тие биле синоним за добрина, а мажите за крутост.

Стефани подоцна се омажила за Максимилијан Рабач, млад воен припадник на вооружените сили во Виена, па така го добила и презимето кое не е еврејско. Ја преживеала Втората Светска војна, не знаејќи дека еден од најголемите злосторници во историјата негувал чувства за неа.


Се верува дека Хитлер никогаш не дознал дека Стефани била Еврејка, а историчарите се согласуваат дека на Хитлер во тоа време воопшто не му ни било важно дали таа била Еврејка или не.

No comments

Powered by Blogger.