Поради неа и Роџер се срами: Срамниот испад на Мирка Федерер

Пишува; Точка

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со победата над Nick Kyrgios се пласираше во финалето во Мајами, меѓутоа сенка врз овој триумф фрли неговата сопруга Мирка.

Во средина на мечот, Австралијанецот го скршил рекетот и бил негативно исвиркан од публиката. Меѓу нив се нашла и Мирка Федерер, што многумина ги шокирало.
Невообичаено е членовите на тимовите играчи да прават вакви испади за време на натпреварите и јавно да покажат непочит кон ривалот.

Ова не е прв испад на сопругата на Федерер, а порано таа била тенисерка и самата. Пред повеќе од две години Мирка го навредила сонародникот на Федерер и соиграчот од националната репрезентаија, Стен Вавринк кога му дофрли од боксот дека е "плачливко".

No comments

Powered by Blogger.