По смртта на Кралицата, веднаш стартува тајниот план: Еве што се случува потоа...


И покрај фактот што англиската кралица е жива и здрава, британски „Гардијан“ откри што ќе се случи кога таа еден ден ќе почине.
Наводно, споменатиот медиум открил која шифра ќе се користи за да се прошири веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, а тоа сепак во првичните моменти да биде пласирано во јавноста.

Кога починал кралот Џорџ Шести, таткото на Елизабета, тогаш се користела шифрата "Hyde Park Corner", со цел операторите на Бакингемската палата да не ја дознаат веста за смртта на кралот предвреме. Како што открива „Гардијан“, шифрата за смртта на кралицата Елизабета Втора ќе биде "London Bridge".


Како што пренесува „Гардијан“, во моментот кога кралицата ќе почине, нејзините слуги, преку безбедносните линии ќе му соопштат на британскиот премиер дека „мостот е срушен“, односно "London Bridge is down".

Тие зборови ќе значат дека кралицата починала и дека треба да започне операцијата "London Bridge" - прилично голем организиран план кој што треба да започне од известување на најблиските, властите на државите со кои што кралицата владее, па се до нејзиниот погреб.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ќе ја превземе одговорноста за смртта на кралицата да ги извести 15-те земји надвор од Обединетото кралство со кои што кралицата владее, а потоа и сите 36 земји членки на Комонвелт.


Потоа, веста конечно ќе пристигне до медиумите, така што на новинските агенции симултано ќе се објавува веста на сите глобални медиуми. Тоа ќе биде еден вид на преседан, со оглед на тоа што „БиБиСи“ беше првиот медиум кој што известува за смртта на членовите на британското кралско семејство.

Истовремено, послугата која што ќе облече црни униформи, ќе постави известување на портите на Бакингемската палата, по што ќе започнат сите церемонии за последното испраќање на кралицата.

No comments

Powered by Blogger.