Лидерите на ЕУ со силна поддршка ќе се обидат да спречат ескалација на состојбите на Западен Балкан



Лидерите на Европската унија(ЕУ) во четврток во Брисел се обидуваат да се договорат како со многу посилна политичка и секаква друга поддршка на европските реформи и патот на Западен Балкан кон приклучувањето во Унијата, да го запрат опасното заострување во регионот кој се заканува да ја загрози стабилноста во Европа.

Шефовите на држави или влади на ЕУ вечерва најпрво ќе разговараат за јакнењето на европската одбрана и безбедноста и на тоа ќе се надоврзат на „крајно сериозното и многу загрижувачкото влошување на односите и заканите со судири на Западен Балкан“, соопштија европски дипломати.

Лидерите на ЕУ, според нацрт заклучоците, ќе го нагласат „решителната определба за членство на регионот во ЕУ“, ќе нагласат дека за тоа се клучни реформите, засилената политичка и економска соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан, но и меѓу партнерите во регионот, заедно со добрососедските односи.

No comments

Powered by Blogger.