Научниците ги потврдија стравувањата: На Блискиот исток му се заканува неизбежна катастрофа...

Пишува: Точка
Фактите претставени во новото истражување на Обединетите нации за Блискиот исток се навистина застрашувачки и укажуваат на неизбежната катастрофа која ќе погоди над 400 милиони луѓе.

Најновите истражувања на Организацијата за исхрана и земјоделство (FAO) при Обединетите нации, ги пробуди стравувањата на научниците - Блискиот исток и Северна Африка ќе станат ненаселиви во следните неколку децении. Причината за неизбежната катастрофа лежи во тоа што залихите на вода за пиење во последните 40 години опаднале за две третини.

Големиот пад на залихите во веќе загрозениот регион каде што се сместени 22 земји со вкушна популација од околу 400 милиони жители, ќе го онеспособи локалното земјоделие кое што е важна алка во снабдувањето на популацијата во регионот со храна.

Достапната количина на вода по глава на жител е десет пати помала од светскиот просек. Високите температури ја кратат сезоната на сеење, па жетвите даваат се послаби резултати, односно се од 27 до 50% помали. Се очекува и залихите на вода до 2050-та година да бидат преполовени.



Покрај тоа, 90% од вкупната површина на регионот лежи на неплодни и суви области, додека 45% од обработливото земјиште е изложено на деминерализација на земјиштето и ерозија од вода и ветар.

Алармантната ситуација на Блискиот исток и Северна Африка го натера генералниот директор на FAO, Хозе Грацијано Да Силва да ги повика Обединетите нации на итна акција, истакнувајќи дека пристапот до вода за пиење е апсолутно пресуден за обезбедување на храната и земјоделството и одржувањето на здравјето. Силва истакнал дека ситуацијата е повеќе од сериозна и побарал итна и масовна реакција.

Пред извештајот на FAO, многу други научни студии предупредија дека животот на Блискиот исток би можел да стане невозможен во иднина. Институтот за технологија во Масачусетс објави дека Персискиот залив поради глобалните климатски промени ќе биде погоден од незапаметен бран на смртоносна жештина, односно смртоносни температурни екстреми.



Во студијата објавена од страна на организацијата Nature Climate Change, стои дека комбинацијата на интензивното сончево зрачење и плитката вода во Персискиот залив, го прави регионот „специфично жариште во кое што климатските промени, во отсуство на значајно наводнување и пошумување, ќе создадат сериозен проблем за населивоста на регионот во иднина“.

Последите извештаи предизвикаа голема загриженост во самиот регион кој што мора да излезе на крај со граѓанските војни, тероризмот и големиот одлив на жители. Извештаите исто така го загрижуваат и Западот - западните земји стравуваат од зголемен прилив на миганти, но и од способноста на Меѓународните организации да одговорат на неизбежната хуманитарна и еколошка катастрофа.

No comments

Powered by Blogger.