Зошто кралското семејство не користи презимиња и кралицата нема пасош?

Кралицата на Велика британија и кралското семејство толку ретко ги користат нивните презимиња што многумина си мислат дека тие и немаат презиме.



Вебсајтот Bright Side откри зошто е тоа така и од каде потекнува оваа традиција.

Членовите на британското кралско семејство генерално не користат презимиња бидејќи навистина и не им е потребно. Толку се познати што не им е потребна таква формалност.

До 1917 година тие ги користеле само првото име и името на династијата, додека кралот Џорџ Петти не ја сменил традицијата.

Кралот имал потекло од династијата House Saxe-Coburg and Gotha. Ова име имало германско потекло што давало негативна конотација за време на Првата светска војна.

Тој решил да го смени непопуларното име на неговата династија и го избрал името Виндзор по еден од замоците на кралското семејство.

Кралот не само што го сменил името на династијата туку и го вовел Виндзор како официјално презиме за целото британско кралско семејство.

Интересен е и фактот дека кралицата Елизабета Втора нема пасош.

Тоа не ја спречува слободно да патува низ светот.

Причината е што владејачкиот монарх не може да има таков докумет бидејќи не може сам себе си да си издадеш пасош: во Британија пасошот се издава во име на Нејзиното Височество.

За да премине граница, кралицата само треба да покаже банкнота со нејзиниот лик.

Нејзе не ѝ треба ни возачка дозвола, иако уште ја има дозволата што ја добила во 1945 година.


Членовите на кралското семејство не се обврзани да го користат презимето, но во некои случаи (како на пример студирање) сепак мораат.

Но, имаат слобода на избор по тоа прашање.

На пример, принцот Вилијам и принцот Хари служеа во Кралската армија под алијас Велс, бидејќи татко им е принц на Велс.

Другите внуци на Елизабета Втора (од принцезата Ана) го носат презимето на татко им, Филипс, а ќерката на принцот Едвард се презива Виндзор.

No comments

Powered by Blogger.