Кој е вистинскиот татко на принцот Хари: Поранешниот љубовник на лејди Дајана ја открива вистината

Поранешниот љубовник на принцезата Дајана, Џејмс Хјуит, дал интервју за австралиска телевизија и дал одговор на прашањето кое веќе со години ја интригира светската јавност.
Имено, многумина тврдат дека Хјуит е вистински татко на нејзиниот помлад син Хари. Тој рекол дека му е многу жал што Хари морал да живее со тие гласини.

Хјуит, поранешен офицер на британската кралска војска, рекол дека сугестиите дека Хари е вонбрачно дете веројатно биле многу полоши по малиот принц, отколку по него, пренесува Daily Telegraph.


На прашањето на новинарот дали е татко на Хари, тој одговорил кратко.

"Не, не сум", рекол тој.

Сепак, тие трачеви и натаму траат, а тој вели дека тие "продаваат весници".

"На него ова потешко му паѓа отколку на мене", рекол Хјуит.


Покојната принцеза Дајана имала 5-годишна врска со Хјуит кој и бил учител по јавање.

Таа во 1995-тата година признала дека биле заедно и дека била заљубена во него.

"Дајана имаше нешто посебно. Таа е некој во кој е лесно да се заљубиш и мислам дека секој би ме разбрал и би ми простил поради тоа", изјавил Хјуит.


Тој и претходно негирал дека е татко на Хари.

Според неговите зборови, Хари бил роден пред тие да ја започнат својата врска.

No comments

Powered by Blogger.