Овие ѕверови ќе го чуваат Лондон од џихадистите: Прв пат на улица возилата на кои бомби не им можат ништо

Пишува: Точка

Возилото отпорно на експлозии и куршуми наречено "Чувар" било забележано за прв пат во Лондон по терористичкиот напад во Вестминстер.

Скотланд Јард има неколку вакви џипови, кои вредат околу 100.000 фунти.


Ова "монструозно" возило е способно да издржи експлозија на ракети, рачни гранати или куршуми од висок калибар, а може да пренесува 10 полицајци.

Возилото се направено на основа на "Ford F-450 Super Duty", но е засилено со арматура, фелни отпорни на куршуми и челик кој патниците ги штити од експлозија на бомби.


Се верува дека автомобилот содржи висока технологија, медицинска опрема, вооружување и софистицирана опрема за комуникација.

Прозорите се отпорни на куршуми со калибар 7,63 милиметри, што е муниција која се користи за омилената пушка на терористите, "AK47".

No comments

Powered by Blogger.