Ропство на Сицилија: Илјадници Романки секој ден трпат претепување и силување



Ширум италијанската провинција на Сицилија, на земјоделските фарми се вработени најмалку 5.000 жени од Романија.

Злоставувањето кое секојдневно го доживуваат овие жени станува сè поголем скандал на кршењето на човековите права кое останува речиси сосема неказнето.

Повеќе од половина Романки кои работат на фармите се присилени на сексуални односи со своите работодавачи.

„Тие жени работат како робинки на полињата и знаеме дека ги уценуваат и сексуално ги злоупотребуваат. Не е лесно да се истражи и запре ова злосторство, бидејќи повеќето од нив се плашат да истапат и да ги пријават насилниците“, изјавил полицискиот командант на Сицилија, Џуидо Волпе.


Неговите работни денови често вклучуваат физичко насилство, закани со оружје, уцени и закани кон нивните семејства и деца.

„Во местото од каде што доаѓам, никој нема работа. Просечната плата е 200 евра месечно. Тука можеме да заработиме многу повеќе, дури и ако мораме да страдаме“, изјавила една од жртвите, Николета Болос.

Болос три години трпела секојдневно малтретирање од својот сопруг и од шефот. Секоја ноќ нејзиниот шеф ќе дошол дома, ќе го оставел пиштолот на масичката покрај нејзиниот кревет и ја силувал и тепал. За тоа време, нејзиниот сопруг се опивал надвор.


„Првиот пат сопругот ми рече дека морам тоа да го направам. Ми рече дека сопственикот на градината во која работиме сака да спие со мене и дека ако го одбиеме, нема да ни плати и ќе нè избрка“, раскажала Болос.

„Мислев дека е луд, но кога го одбив, ме претепа. Ми рече дека мораме да правиме сè што ќе ни рече шефот, бидејќи тоа е единствениот начин на кој ќе ја задржиме работата.“

Исто така, таа додала дека немале пристап до болница, а за вечера им послужувале храна за мачки.

No comments

Powered by Blogger.