Инциденти во Париз: Мота удри фан со автомобилот обидувајќи се да спаси жива глава

Пишува: Точка

Фановите на ПСЖ очекуваа дека нивниот тим само ќе ја продолжи бајката која ја започна на „Паркот на принцовите“ пред три недели и на „Камп Ноу“, но наместо тоа, на крајот добија неверојатно кошмарна вечер која сигурно ќе ја паметат до крајот на животот.
Францускиот фудбалски шампион успеа да ја прокоцка позитивата од 4:0 губејќи со 6:1 на гостувањето во Барселона, а начинот на кој гостите примија три гола во завршните седум минути не ги остави рамнодушни најрадикалните фанови на ПСЖ.

Токму тие со голема нервоза и голем бес во себе се обидоа да побараат објаснување од големите ѕвезди при пристигнувањето во француската престолнина, но работите излегоа од контрола бидејќи Тиаго Мота удри еден фан со автомобилот обидувајќи се да спаси жива глава. Италијанскиот играч за врска удри еден навивач кој му го попречуваше патот, а француските медиуми ова утро информираат дека истиот бил пренесен во болница поради големата болка која ја чувствувал во ногата.



Инаку, ниту еден играч на ПСЖ не се дрзна да излезе од автомобилот и да даде било какво објаснување за историскиот дебакл, а на видеото се гледа како разлутените фанови на францускиот тим ги бркаа своите играчи обидувајќи се да го пронајдат одговорот за незапаметениот колапс во завршната фаза од мечот.

No comments

Powered by Blogger.