Иванка Трамп ги нервира соседите во Вашингтон

Соседите на Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер најпрво им посакале добредојде во новиот дом во Вашингтон каде се преселија откако татко ѝ беше избран за претседател на САД. Меѓутоа за кратко време почнале поплаките за однесувањето на Првата ќерка.



Весникот „Washington Post“ објави дека атмосферата во елитната населба Калорама во Вашингтон, каде сега исто така живее и претходниот претседател Барак Обама со семејството, станала напната откако Иванка се преселила таму со сопругот и трите деца во куќа вредна 5,5 милиони долари.

Соседите велат дека Трамп и нејзиниот сопруг не се баш најдобри соседи бидејќи го окупираат паркинг просторот на прометната улица и дека оставаат ѓубре на тротоарот, а најголем проблем е огромното присуство на агенти за обезбедување.

Ситуацијата ескалирала кога работниците задолжени за обезбедување на Белата куќа означиле уште две дополнителни места за паркирање за забранети.



„Вриев од лутина“, вели Рона Фридман, која живее во близина на Иванка и Џеред, и додаде дека веднаш почнала да им пишува мејлови.

По разговорот меѓу Тајната служба и помошникот на градоначалничката Мјуриел Е. Баузер, знаците за забрането паркирање биле тргнати од пред нејзината куќа.

Куќата во која се преселија Иванка Трамп и Џеред Кушнер со нивните три деца, во елитната населба Калорама во Вашингтон

No comments

Powered by Blogger.