Зошто пивото доаѓа во зелена или кафеава амбалажа?

Пишува: Точка
Овој алкохолен пијалок се користи уште од стариот Египет, а неговото флаширање и продавање започнало дури во 19. век.

Дали некогаш сте се запрашале зошто пивото се продава само во зелени или кафеави шишиња? Ретки се пивата кои се продаваат во проѕирна амбалажа, но зошто е тоа така?

Имено, со растењето на побарувачката за овој пијалок, почнало и масовното производство во провидни стаклени шишиња, што било краткорочно решение, идеално само за зимските месеци.



Произведувачите набрзо сфатиле дека со доаѓањето на топлите денови, нешто необично се случувало со пивото – тоа почнувало чудно да мириса и веќе не било питко. Ваквата состојба била резултат на УВ зраците кои провидното стакло ги пропуштало.

Изложеноста на сончева светлина влијаело врз пивото, поради разните хемиски состојки кои овој пијалок ги содржи. Денес е докажано дека УВ зраците ги разложуваат алфа киселините од хмељот, а со тоа доаѓа до хемиски реакции со сумпорот – една од состојките на пивото.

Пиварите брзо пронашле решение за овој проблем со тоа што почнале да користат шишиња со кафеава и зелена боја, бидејќи темното стакло спречува пробивање на штетните УВ зраци.

Доколку се прашувате зошто зелената боја е позастапена од кафеавата, тоа е поради фактот што за време на Втората светска војна не се произведувало стакло во оваа боја.

Оттогаш, зелената боја е традиционална боја на овој пијалок, иако денешните пивари поседуваат технологија со која ставаат заштитен слој на шишињата кои ги произведуваат, со што пивото се заштитува од сончевите зраци.

No comments

Powered by Blogger.