Земјата на беззаконието: Силувач ослободиле со шокантно образложение

Пишува: Точка

Судија во Мексико го ослободил синот на богат бизнисмен обвинет за киднапирање и силување на 17-годишна девојка со шокантно образложение кое гласи - силувачот не уживал додека ја силувал девојката!

21 годишниот Диего Круз е еден од четворицата момци на познати семејства во градот Веракруз кои беа обвинети дека после новогодишната журка на 1-ви јануари 2015-та година, киднапирале една девојка со која што заедно оделе во едно елитно училиште.

Во пресудата донесена во понеделникот, судијата Ануар Гонзалез вели дека Круз не бил мотивиран од желбата за „сексуално задоволство“ кога ја допирал жртвата за градите и со прстите пенетрирал во неа, а со самото тоа не бил виновен за сексуалниот напад.

Судијата Гонзалез исто така заклучил дека жртвата, која што тогаш имала 17 години, во ниту еден момент не била беспомошна, иако еден од напаѓачите насилно ја внесол во неговиот автомобил. Двајца од преостанатите тројца осомничени биле осомничени за сексуална пенетрација.

Ослободувањето на Круз, кој иако тврди дека не е виновен, сепак побегнал во Шпанија па бил екстрадиран назад во Мексико, предизвика голем гнев на активистите за човекови права и ваквиот случај на „обичниот“ мексикански народ уште еднаш му потврди дека богатите луѓе и оние со моќни политички врски секогаш се над законите.

„Сексуално ја допирал, но затоа што не уживал, тоа значи дека не ја злоставувал сексуално?“, запрашува активистката Естефанија Вела Барба.

Случајот „Лос Поркис“ како што е наречен на социјалните мрежи, предизвика голем гнев во Мексико, пред се затоа што се случил во Веракруз, град кој во последниот период стана симбол на неспособноста на мексиканската држава да гарантира почитување на законите.

Ова се случува кога ескалираат пресметките помеѓу криминалните банди, а минатиот месец беше пронајдена масовна гробница со 250 човечки черепи за кои што се верува дека се жртви на војната на нарко картелите. Во меѓуреме, поранешниот гувернер Хавиер Дуарте се наоѓа во бегство поради сомнение дека проневерил огромна сума на пари.

No comments

Powered by Blogger.