Дали се сеќавате на оваа слика? Еве зошто служеа шарите на Вашите мали екрани!

Постарите сигурно паметат, а помладите се присетуваат на оние моменти кога ќе дојде до прекин на програмата, а на екранот ќе се појават необични шарени квадрати, правоаголници и линии.

Порано, се веруваше дека оваа слика се појавува кога уредниците на телевизиите пробувале нешто да сокријат од публиката па затоа ја пуштаа сликата, но дали знаете навистина за што служи таа?

Кружните форми, квадратчињата и правоаголниците кои ги прати едноличен тон се вика тест карта или тест шаблон. Овој телевизиски сигнал, во глобала се емитува во моментите кога трансмитерот е активен, но не емитува програма – на почетокот или на крајот од емитувањето на телевизискиот програм.



Шарите најчесто ги следи едноличен синусен тон, но некои телевизии правеле исклучок, пуштајќи радио сигнал или инструментална музика во позадина на тест картата.
Ваквите тест картички се користени од самите почетоци на телевизијата. На почеток, тоа биле вистински картички во кои биле вперувани камерите, а главната цел на овие шаблони била балансирање на камерите и калибрацијата на сигнал. Денес, за тоа се користат генератори за тест сигнал кои не бараат присуство на камера. Дигитално изработените тест карти им овозможуваат на сите (и на гледачите и на телевизиските станици), местење на својата опрема со цел да се добие оптимален квалитет на сликата.

Кругот служи за местење на линеарноста во време кога во телевизорите се користеле електронски цевки.

Тест картите содржат одреден сет на шари, кој им овозможува на телевизиските камери и гледачите адекватно местење на сликата на своите уреди. Централниот дел на тест картите се нарекува SMPTE лента, која е во различни бои: бела, жолта, синозелена, зелена, магента, црвена и сина. Освен тие бои, тука се наоѓаат и различните нијанси на црна кои овозможуваат подобро местење на нивото на светлина и контрастот на телевизорот.




Најпознатата тест карта е направена во 1966. година во лабораторијата на компанијата Philips. Содржината и формата на овој шаблон ги осмислил инженерот Фин Хендил со помош на главниот инженер Ерик Хемер Нилсен. Хендил со својот инженерски тим, направил и опрема која ќе го генерира шаблонот наречен – Philips PM5544.

Ваквата тест карта е користена во многу земји од светот меѓу кои и Велика Британија, Канада, САД, на Филипини, во Мјанмар, Јужна Кореја, Тајван, Јапонија, Австралија, Шпанија итн., а ние добро се сеќаваме со неа, дури и со носталгија, бидејќи е користена и на нашиот јавен сервис.

No comments

Powered by Blogger.