Мрачните тајни на најбогатото семејство: Ова е жената која ќе го наследи богатството

Пишува; Точка

65-годишната Ајлин Рокфелер, ќерка на најстариот милијардер на светот, Дејвид Рокфелер, кој починал на 20. март, со сопругата и синовите живее на семејната фарма во Вермонт.

По повод смртта на нејзиниот татко семејството се собрало во салонот на најгорниот кат на централната зграда "Рокфелер Центар" во Њујорк, каде еднаш годишно се собираат членовите на најтесното семејство кои управуваат со фондацијата Рокфелер, сопственик на семејното наследство.

Омилената фотографија на Ајлин Рокфелер прикажува убаво девојче во рацете на својот тако. Во позадина има цвеќе, изгледа дека се наоѓа во природа и по светлината може да се заклучи дека денот е убав, една од оние епизоди кои од детството кои ви остануваат во сеќавање. Меѓутоа, фотографијата е нецелосна, исечена од поголема слика, на која покрај нејзиниот татко, се наоѓа и нејзината мајка Маргарет.

"Мојата мајка беше како сонце, насмеана и весела. Но, потоа дојдоа нејзините мрачни моменти. Стана отсутна и лута. Навистина сум сигурна дека депресијата на мојата мајка го зголеми чувството на мала вредност кое ме прогонуваше во текот на целиот живот, исто како моите браќа и сестри", рекла таа.



Нејзиниот татко Дејвид, напротив, бил личност со ведар карактер. Иако во текот на нејзиното детство во главно бил отсутен, чувствувала дека ги врзува посебна топлина и пријателство, што се задржало до последниот ден.

И во неговите поодминати години, двајцата ќе се виделе кога и да го посетела Њујорк.

"Татко ми секогаш ме носеше на некое убаво место. Убаво ќе се облечеше и ќе нарачаше скапо вино. И покрај староста, остана џентлмен. Луѓето, изгледа, не се менуваат", рекла таа.

Сепак, Ајлин вели дека не секогаш ѝ бил пријатен фактот дека е член на едно од најбогатите и најпознатите светски семејства.



"Не е лесно да се чувствуваш важен кога семејството ќе ти ја постави границата толку високо", рекла таа.

"Некои од моите најубави сеќавања од детството се врзани за нашата викендичка во која одевме секој викенд. Животните и природата беа дел од нашите викенди, а тоа вклучуваше и инсекти. Многумина не знаат дека едно од омилените хобија на мојот татко беше собирање на инсекти. Кога бев млада, неговото внимание во главно беше насочено на работа, поради што ги користев моментите да му помогнам да наоѓа бубачки", се потсетува Ајлин.

Дејвид Рокфелер имал голема колекција од бубачки во подрумот на својот имот. Бубачките ги ставал во алкохол, потоа ги означувал со видот на кој припаѓаат, датумот кога ги пронашол, и уредно ги сместувал во неговите кутии со бубачки.



"Понекогаш ми изгледаше дека тато беше еднакво горд на својата колекција од бубачки, како што беше горд на своите шест деца", се смее Ајлин.

Ајлин вели дека нејзиниот татко ги запишувал оброците и вината кои ги консумирал во своите омилени ресторани, како и анегдотите и впечатоците од бројните патувања.

"Мојот татко го запишуваше секој состанок во животот. Многумина мислеа дека има вонсериско паметење, но не знаеја дека ги запишува деталите за личноста со која се среќавал, местото на состанокот, темата на разговорот. Го наследив неговиот голем адресар со повеќе од 150.000 контакти. Верувам дека станува збор за најдобриот адресар на светот. И тоа значи да се биде Рокфелер", рекла таа.

65-годишната Ајлин Рокфелер, која со сопругот и синовите живее на фарма во Вермонт, окружена со природа и далеку од светот на луксузот, го привлекла меѓународното внимание кога во 2013. година ја објавила автобиографијата "Да се биде Рокфелер".



Овие мемоари ги откриле мрачните страни од растењето во сенката на богатата династија која на нејзините наследници им го отежнувала пронаоѓањето на сопствениот идентитет. До тој степен што Ајлин со години го криела своето презиме, користејќи го презимето на сопругот, Гровалд. Кога им кажала дека ќе зборува за семејната депресија и несигурност, семејството не ја поддржувало нејзината желба да ја објави книгата.

"Семејството се плашеше од тоа што ќе го напишам. Но, на сите им пратив транскрипт пред да биде објавена. На крајот се случи чудо: Книгата сите не зближи. Си признавме едни на други дека сме си нанесувале штета едни на други поради тагата и чувството на мала вредност", искрена е Ајлин.

No comments

Powered by Blogger.