Половина година под радарите: Еве што се случува со руската супертајна шпионска подморница

Пишува: Точка

Руската подморница „Подмосковље“ која што е опремена со балистички ракети, исплови од своето пристаниште кон пристаништето во Северодвинск во октомври 2016-та година, за прв пат после 16 години.

БС-64 „Подмосковље“ е воведена во служба во 1986-та година, како прокетот 667БДРМ од класата Делфин (Delta IV по класификација на НАТО), под ознаката К-64. Станува збор за посебно пловило кое во текот на речиси две децении беше подложено на специјални модификации.

Подморницата беше оспособена за извршување на специјални мисии, а содржината на тие задачи и до денес се чуваат како најстрога тајна. Подморницата беше фотографирана како го напушта бродоградилиштето на 22-ри октомври минатата година.

Се верува дека „Подмосковље“ е подморница чија што модифицирана верзија располага со бројни беспилотни апарати какви што се користат во специјалните операции, но Русите и натаму не сакаат да откријат ништо во врска со подморницата, од очигледни причини.



Засега е познато дека процесот на модернизација и модификација на опремата на „Подмосковље“ е започнат во 1999-та година под проектот со број 09787 на руското Министерство за одбрана. До 2002-ра година од подморницата биле отстранети сите лансирни силоси, а на нивното место била поставена опрема „за посебни намени“, каква што била користена на напредната американска подморница „Оренбург“. Подморницата изгледа поинаку од другите подморници од својата класа затоа што има продолжен труп.

„Подмосковље“ има можност за лансирање и прифаќање на беспилотни подводни апарати кои што се ставаат на горниот дел од трупот каде што претходно биле сместени силосите. Една таква беспилотна подморница е „Кавесин 1Р“ која што е развиена од страна на рускиот Институт за поморска технологија. Долната граница на нурнување на оваа подморница која што е опремена со бројни високофреквентни и нискофреквентни сонари е над 6000 метри.



На „Подмосковље“ се наоѓа и АС-12 Лошарик, мини-подморница на нуклеарен погон за која се верува дека меѓу другото, има и способност за прислушкување на подводни телекомуникациски кабли.

Исто така, и мини-подморниците на нуклеарен погон кои се означени како Проект 1851 Платус и Проект 1910 Кашалот исто така ќе се најдат на подморницата. И тие се означени како подморници со научна, односно воена улога. Сепак, имајќи ја во предвид тајноста на Русите, ова се само претпоставки, кои според добро упатените извори и воени аналитичари, се многу блиску до реалноста.

Сега е јасно зошто толку долго време оваа подморница била модифицирана, а јасно е дека кога целиот проект ќе заврши, Москва ќе добие нова моќна „играчка“ во својот воен и разузнавачки арсенал. Се очекува модернизираната подморница да биде дел од 29-та подморничка бригада при руската Северна флота.

No comments

Powered by Blogger.