Прв поглед на ѕвездата што ги воодушеви научниците

НАСА ја објави првата снимка од ѕвездениот систем Trappist-1, поточно станува збор за анимација со ниска резолуција која прикажува 11x11 пиксели, делот од тоа што го гледа камерата на телескопот Кеплер.
Уметничка илустрација за Trappist-1

Во средиштето на анимацијата е џуџестата ѕвезда Trappist-1, додека планетите не можеме да ги видиме. Астрономите се служат со комплицирани алгоритами за да го пронајдат сето тоа, а со објавата на снимка со ниска резолуција се дава првиот поглед на тоа што треба да го истражуваат со телескопите од Земјата. Следната зима, помеѓу 15 декември и 4 март, научниците ќе имаат 74 дена за набљудување на ѕвездата.
Претходно НАСА објави дека вселенскиот телескоп Џејмс Веб ќе биде лансиран во октомври, а со овој напреден телескоп можеби научниците ќе откријат дали некоја од планетите има можни услови за живот, пишува RT.

No comments

Powered by Blogger.