Трамп го чешла Балканот: Претседателот на САД удира прво на Албанија и Еди Рама

Пишува: Toчка
Група американски сенатори, повеќето од Републиканската партија, побарале од новоименуваниот државен секретар, Рекс Тилерсон, неодложно да го истражи трошењето на американските пари на Балканот, а посебно се споменуваат Албанија и Македонија.

"Бараме итна истрага за тоа како милијарди американски долари се трошени во Стејт Департментот и Американската агенција за меѓународен развој - "USAID", за да се поддржуваат лево ориентирани политички групи и да се наметнува таа опција во суверени држави. Една од таквите групи, која примала пари од "USAID" е Отворено општество", фондација зад која стои Џорџ Сорос", наведено е во писмото на шестте сенатори.

Меѓу потписниците на писмото е и некогашниот републикански кандидат за претседател на САД, Тед Круз, Мајк Ли од Јута, Џејмс Инхоф од Оклахома, Дејвид Парду од Џорџија, Том Тилс од Северна Каролина, и сенаторот Бил Касиди од Луизијана. Во писмото на сенаторите до државниот секретар Рекс Тилерсон, се истакнува дека американската амбасада во Албанија "активно со години интервенирала во политичкиот живот" на таа држава, силно поддржувајќи ги лево ориентираните партии.


Тоа, меѓутоа, како што се наведува, не довело до стабилизација и унапредување на ситуацијата во таа држава, туку напротив. Сенаторите истакнуваат дека во Албанија е забележан раст на корупцијата, шверцот на наркотици и организираниот криминал.

"Во текот на минатите месеци, избраните службеници и политички лидери на држави се среќаваа со мене, пренесувајќи ми ги разочарувачките вести за американските активности во нивните држави. Во нив има извештаи за тоа како дипломати фаворизираат свои политички миленици, со пари се поддржуваат екстремни, а некогаш и насилни политички активисти, и дека американската влада работи на маргинализација на умерени и конзервативни лидери", навел Ли во соопштението за јавноста.


Тој предупредил дека, на пример, активностите на реформите во правосудството во Албанија се такви што фактички само ја зајакнуваат позицијата на Еди Рама, и му даваат целосна контрола над органите на државата за спроведување на законите. Интересно е дека сенаторите веќе им пишале на амбасадорите на САД во Македонија и Албанија и ги предупредиле. Но, наведено е дека одговорите кои доаѓале, не биле од помош.

Сенаторите предупредиле дека слични забелешки примиле и од други службеници од држави од Латинска Америка и Африка. Од друга страна, според пишувањето на некои медиуми, подрачјето на Балканот се споменува како прва странска интервенција на претседателот Доналд Трамп, не поради потрошените пари, туку поради отстранување на радикалниот ислам.

No comments

Powered by Blogger.