Опус – последната вила во “Милијардерскиот ред”


Луксузните домови не се повеќе реткост, како што некогаш беа.

Но, сепак постојат неколку поседи кои се издвојуваат од масата на другите поради нивниот гламур и грандиозност, како што се вилите на Беверли Хилс.

Една од тие вили е и вилата Опус, која се наоѓа на самиот крај на “Милијардерскиот ред” на Беверли Хилс. Иако таа не е ни приближно до најскапата вила во Америка (250 милиони долари), сепак не е за потценување кога се работи за луксузот и погодностите кои се нудат.



Оваа вила го има најспектакуларниот поглед кон Лос Анџелес. Поседува седум спални соби, единаесет купатила и музеј на автомобили. Да, добро прочитавте – вистински музеј на автомобили. Она што е уште подобро, тој музејски простор е опремен со златен Lamborghini Aventador Roadster и златен Rolls Royce Dawn.



Целата површина има Roberto Cavalli подови и Longhi врати, обложени со кожа и кадифе. Вилата е одлична за оние кои често имаат гости, бидејќи нуди домашно кино со 15 места, два базена, просторија за алкохол со 170 шишиња Cristal шампањ и два, во потполност, опремени барови.









Вилата Опус се проценува на 100 милиони долари, а во оваа цена влегува и колекција од современи уметнички дела, од слики на Демијан Хирст вредни преку 2 милиони долари до портретот на легендарниот боксер Мухамед Али, кој го изработил Енди Ворхол.







Повеќе од сигурни сме дека сопствениците на оваа вила ќе уживаат во нејзиниот луксуз и совршенство.









No comments

Powered by Blogger.