Се раѓа новата Исламска држава: Се наоѓа на неколку часа возење од Европа, а никој не обрнува внимание...


Американскиот новинар кој што две години беше во заробеништво на терористите на Ал Каида, проговори за ситуацијата во Сирија.
„Никој не обрнува внимание на тоа“, започнува тој предупредувајќи дека нова Исламска држава се создава во близина на границите на Европа.

„Се основа новата Исламска држава во Сирија... Никој не знае што точно се случува на северозападот на Сирија. Јас знам затоа што сум во контакт со некои луѓе таму кои што цело време снимаат видео записи. Засега ги немаме споено сите точки“, вели Тео, пренесува Business Insider.

Питер Тео Куртис е познат како новинарот кој што успеа да преживее две години во заробеништво на Ал Нусра Фронт - сирискиот огранок на Ал Каида. Ал Нусра, во меѓувреме се преименуваше во Фатах Ал-Шам за на своите финансиери да може да им даде изговор дека станува збор за „умерена“ бунтовничка група.



За ослободувањето на Куртис во 2014-та година, како и за тоа што се преживеал овој амеркански новинар, снимен е документарниот филм насловен како "Theо Who Lived".

„Да се стигне до таа нова Исламска држава, која што е сместена практично на сириско-турската граница, до било која европска земја, потребно е возење од само неколку часа со автобус. Млади момци пристигнуваат секој ден, така ми говорат изворите од Сирија - О, да, тука имаме нови Французи, нови Англичани секој ден“.

Тој вели дека владата на Сирија навистина победува во војната, но и дека тоа има своја цена.


„Сириската војска ги уништи бунтовниците. Тие најпрвин беа во одредени градски квартови, а сега се протерани во руралните подрачја. Заземаат некои села. А, кога војската на САД или Курдите или пак некоја друга комбинација конечно пристигне во Рака, главниот град на ИСИС, сите тие милитанти ќе бидат во бегство. Тие веќе ги напуштија градовите“, порача тој.

Тој предлага една многу контроверзна стратегија против Исламската држава која што ја нарекува „исчезни во брдата“ и вели: „Ако то звучи како да заговарам мир со Исламската држава, тогаш да, тоа е тоа. Тие се премногу за сите да бидат убиени“.

No comments

Powered by Blogger.