Стивен Хокинг: „Не се чувствувам добредојден во Америка предводена од Трамп“

Стивен Хокинг вели дека повеќе не се чувствува добредојден во Америка, откако Трамп е на власт.

Пишува: Fakulteti

Реномираниот научник и теоретски физичар во неодамнешно интервју за „Good Morning Britain“ зборуваше за неговите ставови за вештачката интелигенција, климатските промени и Трамп за кој смета дека е демагог.

„Реакцијата за изборот на Трамп е претерана, но дефинитивно претставува замав на десното крило и поголем авторитарен пристап“, изјави Хокинг.

„Имам многу пријатели и колеги во Америка, и сè уште е место кое го сакам и се восхитувам на многу начини. Но се плашам дека не сум добредојден“, додава тој.

На прашањето дали би можел да го објасни растот на Трамп до претседателска кандидатура тој вели.

„Не можам да го објаснам. Тој е демагог“, изјави тој.

„Трамп беше избран од луѓето кои мислеа дека се обесправени од владејачката елита во револт против глобализацијата. Неговиот приоритет ќе биде да ги задоволи избирачите, кои не се ниту либералци, ниту добро информирани. Веќе сме сведоци на неговото ветување за изградба на ѕид на мексиканската граница како и санкционирањето на два нафтоводи и назначување на Агенцијата за заштита на животната средина на Скот Пруит, човек кој не верува дека јаглерод диоксидот предизвикува климатски промени“, вели Трамп.

Кога британскиот новинар Пирс Морган го запрашал што е она што Хокинг сака да му го каже на Трамп. Хокинг вели дека ќе му каже на Трамп дека Пруит треба да биде заменет, додавајќи дека климатските промени се најголемите опасности со кои се соочуваме, и претставува закана што може да биде спречена.

Хокинг исто така ја коментираше и забраната за патување, нарекувајќи ја неефикасна и објаснувајќи што треба да се направи.

„Неговата забрана се однесува на шест главно муслимански земји, но не и американските сојузници како што се Ирак, Саудиска Арабија и Катар кои наводно помагаат во финансирање на Исламската држава. Оваа забрана е неефикасна и ги спречува Американците да регрутираат квалификувани луѓе од овие земји. За да биде ефикасна, треба да биде заменета со поселективен и поинтелигентен пристап.

„Уште од почетокот на индустриската револуција, постојат стравувања од масовна невработеност, како што машините започнаа да ги заменуваат луѓето. Постои поголема опасност од вештачката интелигенција ако дозволиме да стане само-дизајнирачка, бидејќи може да се подобри себеси побрзо, а може ние да ја изгубиме контролата“.

Себеси се нарекува феминист: „Отсекогаш ги поддржував правата на жените“.

Исто така, тој зборуваше за неговите амбиции велејќи дека ќе биде воодушевен еден ден да патува во вселената.

„Веќе имав можност да искусам нулто-гравитациски лет, кој ми овозможи да лебдам, но мојата крајна амбиција е да летам во месечината. Мислев дека никој нема да ме земе, но Ричард Бренсон ми понуди седиште на „Virgin Galactic“, и јас веднаш прифатив“, вели тој. 

No comments

Powered by Blogger.