Ирачки херој: Ги спасил своите соборци од бомбаш самоубиец блокирајќи ја улицата


Ирачки војник ги спасил своите соборци блокирајќи го патот на бомбаш самоубиец, кој сакал да изврши напад во Мосул.
Нападот бил снимен од дрон на ИСИС, а подоцна и објавен на интернет.


На шокантната снимка може да се види автомобилот-бомба, како вози со голема брзина кон Ирачката единица, која учествува во ослободителната акција на Мосул.


Автомобилот бомба експлодира во моментот кога му приоѓа теренското возило управувано од ирачкиот војник. Не се знае дали војникот преживеал, но коментаторите на видеото оваа акција ја нарекле "неверојатна жртва".


Потсетуваме, терористите на ИСИС се обиколени во северниот ирачки град, каде се кријат помеѓу преостанатите цивили кои не успеале на време да побегнат. Користат снајпери и автомобили-бомби во очајничките обиди да ги издржат нападите.


Moments of heroism.  reverses his Humvee to block the  suicide bomber. 

No comments

Powered by Blogger.