Овој остров никогаш не е истражен бидејќи сите што ќе му се доближат завршуваат мртви или одвај се извлекуваат

Пишува: Точка

Невозможно е да се истражи овој остров во Индискиот Океан поради тоа што членовите на домородните племиња се подготвени да го убијат секој кој ќе му се приближи.

North Sentinel се наоѓа во близина на бреговите на Индија и Тајланд, а населен е со едно од најстарите племиња на планетата од камено доба.

Се верува дека домородното племе го населува овој остров повеќе од 60.000 години. Неколку рибари во 2006-та премногу се доближиле до островот и наводно биле заробени и убиени, но тие не се единствените жртви.




Дуру и хуманитарните напори до приближување на племето завршиле лошо, кко обидот да им се помогне по цунамито во 2004-та година. Тогаш хеликоптерот кој на островот им фрлил пакети со прва помош и храна го гаѓале со копје и стрели.


Наводно племето уште го нема откриено оганот, а со рачно изработеното оружје од метал (кој го собираат од потонатите бродови во околина) подготвени се да го убијат секој кој ќе им се доближи. Во меѓувреме, ситуацијата се има променето па воспоставен е и пријателски контакт со племето. 



No comments

Powered by Blogger.