Инспекторка одлучила да проговори јавно: "Меделин МекКен е мртва!"


Пишува: Точка

Експертката за злосторства која го анализирала еден од најпознатите случаи со исчезнувањето на Меди МекКен, тврди дека 3-годишното девојче не е киднапирано. Инспекторката Пет Браун за австралиски "News.com.au" изјавила дека со истражувањето на исчезнувањето на Меди, изгубени биле време и пари.

"Меделин МекКен е мртва. Нема смисла да се трошат толкави ресурси за потрага на девојче за кое не постојат знаци дека е живо", рекла Браун која прегледувајќи ја документацијата, го реконструирала можниот тек на случувањата.

"Прегледувајќи го случајот на Меди, дојдов до заклучок дека доказите кои постојат никако не сугерираат дека станува збор за киднапирање. Со оглед на времето на исчезнување и доказите собрани од местото на кое девојчето било последен пат видено, ништо не укажува на можно киднапирање", рекла Браун и додала дека Меди веројатно умрела во несреќен сплет на околности, и дека некој тоа добро го затскрил.


"Доказите во случајот сугерираат дека девојчето било занемарувано", рекла Браун, а потоа додала дека верува дека нејзиното тело е префрлено на локација каде никогаш нема да биде најдено.


Полицијата ја проширила истрагата

Инспекторката одлучила јавно да проговори за случајот откако британската полиција објавила дека ја проширува истрага која трае цели 10 години, на уште 3 месеци. Оваа одлука била донесена откако британски Sunday Express објавил информација дека постои лице кое се наоѓало во близина на подрачјето на кое се верува дека Меди била киднапирана, а кое тврди дека има нови докази за случајот. Во случајот со исчезнувањето на малата Меди МекКен досега се потрошени околу 14 милиони долари.


Исчезнала пред 10 години

Меди исчезнала од апартман во Праја да Луз во Португалија, кога нејзините родители Кејт и Гери вечерале со пријателите во ресторан во близина. Доколку е жива, Меди денес би имала 13 години.

Госпоѓа Браун рекла дека инспекторите од Скотланд Јард погрешиле што многу рано исклучиле можност за било каков друг исход, кој не е киднапирање.


"Инспекторите пристигнале на местото на настанот и целиот случај од почеток го темелат на теоријата дека Меди е киднапирана", рекла Браун и повторила дека во овој случај "нема докази за киднапирање", но тоа не значи дека истото не се случило, туку нагласува дека полицијата погрешила што случајот не го гледала од друга перспектива.

Рекла дека постои голема можност некој од ланец за детска проституција да го киднапирал девојчето. Потоа додала дека во рурални, неразвиени и сиромашни средини децата лесно може да се купат, посебно ако родителите им се зависници од дрога.


"Таквите луѓе нема да киднапираат или украдат дете од турист од Велика Британија, бидејќи знаат дека по тоа дете ќе започне широка потрага", рекла Браун.

Родителите на девојчето, Кејт и Гери МекКен, секогаш негирале било каква вмешаност во нејзиното исчезнување или смрт, и ветиле дека никогаш нема да се откажат од пронаоѓањето на Меди.

No comments

Powered by Blogger.