Следната европска криза би можела да се случи во оваа земја и да предизвика вистинска војна меѓу Русија и НАТО

Пишува: Точка

Растечката политичка нестабилност во оваа држава би можела да најави директна руска интервенција, која за Европа би можела да биде уште посилен фактор за дестабилизација отколку посредната војна меѓу Москва и Киев. Нападот на Белорусија би можел да ја доведе во прашање безбедноста и интегритетот на повеќе соседни држави, и има потенцијал да прерасне во директна конфронтација помеѓу Русија и НАТО.

Политичките услови во Белорусија брзо се влошуваат. Протестите против претседателот Александар Лукашенко, кои започнале кон средината на февруари, се шират надвор од главниот град Минск. Ги поттикнале граѓаните лути на владата која наметнала "данок за скитници", луѓе кои се вработени помалку од половина година, а потоа прераснале во барање за систематска политичка промена, вклучувајќи и дури заминување на Лукашенко.

Релативно слабата опозиција во Белорусија не ги започнала протестите, па изгледа дека масовните демонстрации во повеќе градови немаат лидери. Сепак, колку подолго траат протестите, поверојатно е дека ќе се појави фокусирано и одлучно водство, кое ќе води во прозападна или проруска насока. Во текот на минатата година, Минск воспоставил поблиски односи со ЕУ и САД, за да ги привлече потребните вложувања.



Сè подалеку од Москва, сè поблиску до Брисел?
Поддршката од Москва пресушува поради слабеењето на руската економија, па тоне и белоруската. Евроазиската економска унија, чиј член е Белорусија, се покажала како еднаков неуспех. Лукашенко, и покрај договорот за Унија помеѓу Русија и Белорусија, се противел на притисокот на Кремљ да воспостави авио-база во западниот дел на земјата, која би претставувала директна закана за НАТО. Дури и дипломатски се доближил до ЕУ и САД со укинување на визите за граѓаните од Западот.

Укинувањето на санкциите од ЕУ наметнати на белоруски службеници резултирало со неодамнешна посета на висока делегација на ЕУ во Минск. Додека Западот би можел да поздрави компромисно решение помеѓу Минск и демонстрантите како предзнак на политички реформи, Москва на мекиот пристап на Лукашенко кон демонстрациите гледа како на голема слабост. Стравува дека тоа би можело да стане втор "Евро-Мајдан" како украинскиот, кој би ја извлекол Белорусија од руската орбита. Московските медиуми, за да го дезориентираат јавното мислење, тврдат дека станува збор за нова "Обоена револуција" или "фашистички пуч", кој го осмислуваат западните разузнавачки служби до руската граница.



Пропадната држава слична на Украина
Белорусија е клучна компонента во проекцијата на моќ на Кремљ во средна Европа и балтичкиот регион, бидејќи се граничи со три членки на НАТО. Кремљ нема да дозволи земјата сама да бира да се сврти кон Западот, со Лукашенко на власт или без него.

Руските службеници ги обвинуваат чекорите на Лукашенко кон Западот за сегашната криза и нивната пропагандна машина ја опишува Белорусија како "пропадната држава" слична на Украина, непосредно пред руската анексија на Крим во февруари 2014. година. Можно сценарио за нестабилност е кога руските служби би го урнале Лукашенко под димната завеса на протестите и би ја заштитиле државата од насилна револуција, граѓанска војна или интервенција на НАТО.



Москва тогаш би тврдела дека таа само ја спроведува "волјата на народот", менувајќи го "последниот диктатор во Европа" - фраза која ја користеле администрациите на Обама и Буш, и која на Западот би можела да му се одбие од глава. Руските служби се влезени длабоко во белоруската војска, полицијата, бирократијата и разузнавачката мрежа, и можат да инсталираат промосковска замена за Лукашенко.

Таквиот чекор веројатно би бил проследен со "братска" воена интервенција, бидејќи Кремљ сака целосна контрола на белоруските западни граници со Полска, Литванија и Латвија. Тоа би можело да постави темел за уште поопасен регионален конфликт. Помалку од 240 километри ја делат Белорусија од руската балтичка енклава Калињинград. Со краток воен продор преку литванска територија, Кремљ би можел да оствари две стратешки цели. Прво, директно би ја поврзал руската земја со базата која е домаќин на балтичката флота. Второ, би отсекол три балтички држави од можна помош на НАТО и достава на опрема во случај на иден руски напад на Естонија и Литванија.



Оправдание за својот балтички продор Москва би можела да пронајде во незадоволството на руското и полското малцинство на југот и истокот на Литванија, што е примарна цел на руската пропаганда и цел на лидерите на Кремљ.

Москва така би можела да има два поводи за интервенција во Литванија, која би ја поврзала Русија со Калињинград: наводна заштита на "оние кои зборуваат на руски" и оневозможување на изолација на сограѓаните од Калињинград. Од кремљска перспектива Белорусија истовремено претставува опасност и можност за да оствари стратешка победа. Тоа доаѓа во момент кога ЕУ е во криза на идентитетот, а САД се базира на домашните проблеми. Русија традиционално ги користела слабостите и неодлучноста на Западот, за да ги оствари своите цели, а нешто слично би можело да се случи и во Белорусија.

No comments

Powered by Blogger.