Гордон Ремзи открил каде никогаш не би јадел: „Нема шанси, знам каде претходно била таа храна“


Најпопуларниот телевизиски готвач Гордон Ремзи има високи стандарди, а никому не му е мило кога ќе се најде на мета на неговите критики.

За тоа колку е пребирлив околу тоа што јаде во приватниот живот го потврдува и фактот дека попрво ќе се задоволи со едноставен оброк, отколку да се согласи да јаде лоша храна.



Славниот готвач за Refinery29 открил дека постои едно место каде што дефинитивно никогаш не би се согласил да јаде.

„Повеќе од десет години работев за авиокомпании и знам каде била таа храна и колку долго стоела пред да ја послужат. Нема шанси некогаш да јадам во авион“, со сигурност заклучил Ремзи.

Ако е гладен пред летот, славниот готвач ќе побара пријатен италијански ресторан во кој ќе нарача малку ладно месо и сирење и неколку парчиња јаболка и круши, а сето тоа ќе го залие со чаша црвено вино.



Гордон Ремзи и самиот одлучил да се погрижи за гладните патници, па на лондонскиот аеродром Хитроу отворил сопствен ресторан кој го нарекол "Gordon Ramsay Plane Food".

Во понудата има едноставни оброци како здрави салати, хамбургери и печено месо, а гостите можат да се заблажат со торти и колачи.

No comments

Powered by Blogger.