Разликата помеѓу Кока-Кола и Пепси е само во една единствена состојка

Пишува: Точка

Додека љубителите на Кока-Кола се колнат дека Пепсито е ѓубре, а фановите на Пепси го имаат истото мислење за Кока-Колата, која е всушност разликата?

Што се однесува до содржината, Пепси има малку повеќе шеќер, калории и кофеин, а Кока-Колата повеќе натриум - но разликата во нивниот вкус Малколм Гладвел, авторот на "Blink" ја сумираше во една реченица.




"Пепси се карактеризира со вкус на лимон-кола, додека Кока-Колата повеќе влече вкус на ванила", напишал. Кога станува збор за споредбата на состојките, Кока-Колата е направена од истите како Пепси, со исклучок на лимонската киселина, пренесува Business Insider.




И покрај разликата во состојките, според едно истражување на Самуел МекКлуер, многумина не можат да ја препознаат разликата. "Кока-Кола и Пепси имаат многу сличен хемиси состав, но луѓето го пијат или едното или другото. Го истраживме ова однесување, така што на испитаници им дадовме од двете пијалоци без да им кажеме што е што. Иако Кока-Колата е многу попопуларна, откривме дека испитаниците одбраа пола од едниот вид на пијалок, пола од другиот, бидејќи не ја препознаа разликата", изјавил тој.




Според анкетата од 2011-та година, Кока-Кола држела 17% од газирани пијалоци на американскиот пазар, додека Пепси само 9,2%. Вие што преферирате повеќе?



No comments

Powered by Blogger.