Ова е причината зошто НАСА не се врати на месечината: Еден филм ја открил мрачната тајна

Пишува: Точка


Изгледа дека некој друг стигнал пред нив, тврди д-р. Бранденбург.

Дали некогаш сте се запрашале зошто човештвото не се врати на Месечината изминатите неколку години? Според мислењето на многу истражувачи, американската вселенска агенција крие мрачна тајна од општеството, а ние се уште не сме запознаени со се' што се случило - и се уште се случува - на површината на Месечината.

Многу луѓе тврдат дека постојат доволно докази кои укажуваат на тоа дека на Месечината постои вонземјанска база. Гласините, декласифицираните документи и информаторите истапија, велејќи дека тие едноставно не можат да си дозволат јавноста од целиот свет да дознае што всушност НАСА открила на Месечината.


Идејата дека на Месечината постои вонземјанска база би објаснила зошто толку нагло го запревме патувањето до неа. 

Исто така, со нашата сегашна технологија, зошто немаме постојан, населен, бастион на површината на Месечината? Зар не би било полесно да имаме постојана структура на површината на Месечината, отколку флуктуирачки вселенска станица која се врти околу Земјата?

Милтон Купер, поморски офицер за разузнавање, рекол дека не само што на Месечината постои туѓа непозната база, туку има и свој надимак "Luna". Тој вели дека таму се одвиваат силни рударски операции и дека тука, кои и да се тие кои ја направиле базата, чуваат свои поголеми вселенски бродови. 

Покрај големиот број на "аномалии" на структурата на површината на Месечината, изјава на поранешните астронаути, високите владини претставници и научници предизвикале развој на големи теории на заговор околу Месечината и нејзиното вистинско потекло. 

Како и да го ставиме, очигледно Месечината е најмистериозното небеско тело во нашиот соларен систем и го фасцинира човечкиот род илјадници години. 



Но, дали навистина таму постои туѓа база?

Па, претпоставуваме дека ова не можеме да го знаеме со сигурност, но дали е само случајност тоа што таму биле пронајдени некои месечеви карпи, за кои подоцна беше утврдено дека се преработени метали, како месинг, ураниум 236 и нептуниум 237?

Овие елементи никогаш не можат да се најдат во природната средина. Ураниум 236 е радиоактивен нуклеарен отпад кој се наоѓа во потрошен нуклеарен или преработен ураниум. Уште поинтересно, нептуниум 237 е радиоактивен метален елемент и нус-производ од нуклеарни реактори и производство на путониум.

Д-р. Харолд Јури, добитник на Нобеловата награда за хемија, изјавил дека бил "премногу збунет со камењата пронајдени од астронаутите на Месечината и нивната содржина на титаниум. Примероците беа незамисливи и зачудувачки бидејќи истражувачите не можеа да го објаснат присуството на титаниум" ..

Според зборовите на д-р. Бранденбург - кој беше вклучен во мисијата на Месечината, "Клементина" на НАСА, која била заеднички вселенски проект каде што Орагнизацијата за одбрана со балистички проектили (BMDO) учествувала заедно со НАСА со цел да извршат некои истражувања на Месечината - "Мисијата Клементина беше мисија на набљудување и надгледување, проверка дали некој гради бази на Месечината за кои ние не знаевме. Дали ги прошируваат? Од сите работи кои ги видов на Месечината, највпечатлива ми е сликата од необични, линеарни структури, широки околу еден километар. Тоа изгледаше вештачко и не би требало да биде таму. Делува како да е направено за одбрана, но не е наше и поради тоа на површината на Месечината гледам со загриженост. Ние немаме начин да изградиме нешто такво. Тоа значи дека некој друг е веќе таму."

No comments

Powered by Blogger.