Драматично: Американците и Ирачаните ги обиколиле џихадистите и порачале: За вас нема милост, сите умирате денес!


Борците на ИСИС се обиколени во западен Мосул, нивното последно важно упориште во Ирак, откако ирачките сили ги прекинале сите пристапни патишта, изјавил американски службеник.
"ИСИС е обиколена. Во текот на ноќта 9-тата оклопна бригада на ирачката војска со седиште во близина на Бадуш, северозападно од Мосул, го прекина и последниот патен пристап", изјавил во неделата за новинарите во Багдад посебниот американски пратеник на меѓународната коалиција против џихадистите, Брет МекГурк.



"Сите борци кои се наоѓаат во Мосул, таму и ќе умрат", рекол МекГурк. "Одлучни сме не само да победиме во Ирак, туку и да ги спречиме да побегнат".



Американските службеници неодамна процениле дека во Западен Мосул и во градот Тал-Афар има околу 2.500 џихадисти.


Градот во јуни 2014-тата година го освоила ултрарадикалната сунтиска група во брза офанзива, со што си овозможила да дојде до големи делови од ирачката територија западно и северно од Багдад.

Но, ИСИС од тогаш изгубила 60 проценти од вкупната територија, оценил МекГурк.


Ирачките сили од ИСИС преземале "повеќе од третина" од западниот дел на Мосул по започнувањето на офанзивата на тој сектор на градот на 19-ти февруари, рекол генералот Ман ал-Сади, од елитните единици за борба против тероризмот.

No comments

Powered by Blogger.