Голем крузер го уништил "подводниот Амазон": Локалното население во солзи

Пишува: Точка
Големиот британски брод Caledonian Sky при неверојатна грешка го уништил еден од најспектакуларните корални гребени во светот. Бродот превезувал туристи на идиличниот индонезиски остров Раја Ампат, а целта на капетанот била што е можно повеќе да се доближи до брегот за гостите да можат да ги видат посебните врсти на птици.

Меѓутоа, тој се доближил малку повеќе од потребното и направил голема штета врз "подземниот Амазон", како што го вика локалното население. Деталната анализа покажала дека "мајсторот" уништил дури 1.600 квадратни метри корали.



Уништувањето на коралите потполно го разбеснило населението кое во главно живее од туристите кои ги посетуваат. Рубен Саујаи, инструктор по нуркање, признал пред медиумите дека плачел со денови кога ја видел штетата.


- Уништувањето е страшно. Ќе бидат потребни можеби 100 години да се обнови оштетеното. Овде некои луѓе живеат од риболов и полјоделство, но 90 проценти од нашите приходи доаѓаат од туристите. Што ли ќе правиме сега...


Од друга страна, компанијата која го поседува споменатиот брод, овој инцидент го опишува како - чиста несреќа. За целата ситуација да биде уште побизарна, работникот што го извлекувал заплетканиот брод направил уште поголема штета.


- Наредните 10 години овде нема да дојде никој. Толку време ќе ни треба да го обновиме гребенот. Бараме отштета од 2 милиони долари - изјавил Рикардо Тапилату, раководител на одделот задолжен за проценување на штетата.


Во Индонезија, но и во остатокот од светот, луѓето почнаа да потпишуваат петиција во која стои дека компанијата Noble Caledonia мора да ја плати обновата на гребенот.

No comments

Powered by Blogger.