Најголема закана за Владимир Путин: Неочекуван удар од Русија

Пишува; Toчкa

Власта во Русија на чело со Владимир Путин и Дмитриј Медведев, добила нови и неочекувани противници - гласни и револтирани млади луѓе.

Неодамнешните антикорупциски и антивладини протести во Русија во организација на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кога полицијата уапсила стотина демонстранти, покажале дека ваков бунт во Русија се уште не е виден, се согласуваат познавачите на руските прилики. Покрај тој во Москва, одржани биле уште 90 протести ширум Русија.

"Неодамнешните настани покажаа дека естаблишментот "се сопна" на еден неочекуван феномен, кој за нив е многу незгоден - млади луѓе што не гледаат телевизија", оценил за Business Insider Николај Сиров, новинар кој ги следел протестите во Москва.



Наместо преку телевизијата, која е под контрола на државата, младите Руси информациите ги бараат на интернет, што според Сиров уште е "релативно нецензуриран" и "младите таму можат да најдат факти". Навални токму преку социјалните мрежи, со објавување на видеа против Кремљ и преку својот блог, стекнал популарност.

Потсетуваме, Алексеј Навални бил уапсен во текот на демонстрациите и осуден на 15 дена затвор.



Нина Хрушчова, професорка за меѓународни работи и правнука на советскиот лидер Никита Хрушчов, рекла дека протестите, како и настојувањата на Кремљ да ги скроти, би можеле да се интензивираат пред претседателските избори во 2018. година, на кои Навални планира да се кандидира.

Иако шансите Кремљ да му го дозволи тоа се мали, неодамнешните демонстрации, кои ја покажале неговата популарност меѓу младите луѓе, покажуваат дека гласовите на младите бунтовници во Русија би можеле да сочинуваат значителни бројки, истакнува Хрушчова.



"Според тоа што го слушам, на демонстрантите имало припадници на "средната класа", инженери, уметници. Тоа е гласачкото тело на Навални", смета Нина Хрушчова.

По демонстрациите, портпаролот на Кремљ утврдил дека на демонстрантите кои дошле на протестот на 26. март им биле ветени парични награди.




Демонстрантите носеле гумени патки како одговор на наводите дека премиерот Дмитриј Медведев има посебна куќа за патки на својот имот од 80 хектари, обиколен со висок ѕид, пишува Business Insider.

No comments

Powered by Blogger.