Морничаво видео: Распарале питон и во него го нашле телото на исчезнатиот другар!

Пишува: Точка

Жителите на едно село во Индонезија не очекувале дека ќе пронајдат човечко тело во стомакот на голема змија.

На видеото се гледа како жителите на едно село во Индонезија го отвараат стомакот питонот долг седум метри и во него го пронаоѓаат телото на момчето.

Змијата е пронајдена во дворот на Акбар Салубиро (25), нивниот пријател кој исчезнал пред неколку дена откако отишол на плантажа да собира палмово масло. Се претпоставува дека питонот прво го задушил човекот, а потоа го проголтал.

Кога не се вратил од плантажата, мештаните почнале да го бараат. Според зборовите на старешините во селото, луѓето слушнале крици од правец на плантажата на палми неколку дена пред да биде пронајден питонот, пишува Daily Mail.



No comments

Powered by Blogger.