Тревога во Вашингтон: Блокирана е Белата куќа, пронајден е сомнителен пакет


Белата куќа се наоѓа под блокада поради сомнителен пакет, а полицијата не му дозволува никому да излезе надвор.

Белата куќа е блокирана од раните претпладневни часови, бидејќи бил забележан сомнителен пакет, изјавил за новинарите агент од Тајната служба, пишува „Mirror”.



Според неговите зборови, тоа значи дека никој не може да влезе или да излезе од зградата. Според наводите на Тајната служба, околните патишта исто така се затворени. На претседателскиот имот се наоѓаат и снајперисти кои патролираат, пренесува „The Sun”. Истрагата е во тек.

Инаку, ова не е прв пат да се случи нешто слично, бидејќи на 19-ти март еден човек се довезол до контролниот пункт и рекол дека има бомба во автомобилот. Претходно, еден човек со ранец на грбот успеал да се пробие во дворот на комплексот, но бил уапсен од страна на Тајната служба.



Не е невообичаено да се најдат сомнителни лица во близина на Белата куќа, но тие обично брзо се уапсени и се предаваат на локалната полиција. Најсериозниот инцидент се случил во 2014 година, кога човек со нож успеал да се пробие во внатрешноста на Белата куќа се` до источното крило кое се користи за прием на гости.

No comments

Powered by Blogger.