Твитер ќе почне да наплаќа на корисниците?


Твитер размислува за можноста да воведе наплата за користење на социјалната мрежа, првенствено за бизнис корисниците.

Таквите корисници би имале пристап до напредна и подобрена верзија на интерфејсот кој нуди многу подобра функционалност од основната.

Наплатата на услугите на премиум корисниците би можела да биде нов извор на приход за компанијата во период кога бројот на корисници драстично се намалува поради многубројните социјални мрежи кои се во постојан пораст.

Од Твитер порачуваат дека новата премиум опција на корисниците ќе им обезбеди напредни можности за преглед, предупредување и известување, како и напредна аналитика и прилагодлив интерфејс.

No comments

Powered by Blogger.