Чувари на плажата: Заборавете на Дејвид Хаселхоф, Двејн Џонсон ја има контролата!


Разголените, затегнати и мускулести тела ќе ја задоволат и машката и женската публика, а освен во заводниците и заводничките, ќе уживате во експлозии и во брканици со џет-ски.

Најгледаната серија на светот, „Чувари на плажата“, наскоро ни пристигнува и на големото платно. Заборавете на Дејвид Хасенхоф, бидејќи ни пристигнуваат нови чувари со Двејн Џонсон и Зак Ефрон во главните улоги.



Освен овие двајца заводници, машкиот дел од публиката, освен во експлозиите и брканиците со џет-ски на вода, ќе уживаат во глетката на убавиците Пријанка Чопра, Кели Рорбах, Александра Дадарио и Илфенеш Хадер.



Двејн Џонсон, попознат како The Rock, ќе го глуми планетарно популарниот Мич Бјукенон, а нему ќе му се придружи и Зак Ефрон, миленикот на женската публика, како младиот Мет Броди.



Освен новата актерска екипа, нè очекува комична, шармантна и забавна акција на која специјалното појавување на актерските ѕвезди од оригиналниот серијал, Памела Андерсон и Дејвид Хаселхоф, ќе ѝ го обезбедат местото на филмски фаворит кај постоечките, но и кај новите фанови.

No comments

Powered by Blogger.