Другото лице на Бил Гејтс: Апсење, дебакли и немилосрдно богатење

Пишува: Точка

Бил Гејтс веќе 17 години е најбогат човек на светот, а иако никогаш не бегал од медиумите, изгледа дека добар дел од својот живот успеал да го зачува за себе. Додека за Стив Џобс се снимаат филмови, за Гејтс многу помалку се зборува.

Порталот "Grunge" одлучил да се позанимава со другото лице на основачот на "Microsoft".

Мислел дека факултетот ќе биде полесен

Гејтс од рано детство покажувал дека е попаметен од другите деца, а училиштето не му било никаков проблем, но затоа го потценил Харвард.

Очекувал дека еден од најпрестижните факултети на светот ќе биде многу полесен, па кога на првиот испит по математика добил послаба оценка, решил да премине на примена на математиката.

Microsoft е негов голем успех, но пред него се изнапромашувал

Пол Ален, ко-сопственик на "Microsoft" го познава Гејтс од средно училиште, кога заедно започнале со заедничка работа. Направиле мал компјутер за мерење на сообраќај, а по шест години и загуба од илјадници долари, ги кренале рацете од тој потфат. За среќа...

Гејтс во затвор

Без грижа, ништо посебно криминално. Гејтс во 1977. година бил уапсен во сојузната држава Њу Мексико поради сообраќаен прекршок. Кој точно, не се знае, бидејќи никаде не е забележано што направил,, а ни тој баш не зборувал многу за тоа.



На некои места пишува дека било за пребрзо возење, но тој тврди дека воопшто не се сеќава зошто завршил зад решетки.

Не сум слушнал за некој што се збогатил со пишување програми

Кон крајот на "70-тите се борел против илегалното копирање на програми, тврдејќи дека аматерскиот пристап во споделувањето на сопствената работа кој го практикувале првите програмери, нема да доведе до развој на програмирањето, бидејќи сите ќе крадат идеи едни од други"

На почетокот на 80-тите рекол: "Не сум слушнал за некој што се збогатил со пишување на програми".

Додека Ален се борел со рак, тој го критикувал

Нивниот работен, но и пријателски однос ги загрозила ситуацијата во која Ален го слушнал Гејтс и Стив Балмер како зборуваат дека тој малку работи и дека треба да го намалат неговиот удел во "Microsoft". Ален им кажал дека се бори со рак.

Гејтс подоцна му понудил да ги купи неговите акции, но не се договориле за цената. Денес акциите на Ален вредат 20 милијарди евра.

Xanady 2.0

Повеќе од времето го минува со семејството во раскошна куќа на езеро која има 6.000 квадрати и сите најсовремена технологија што можете да ја замислите.

На имотот Медина во Вашингтон, кој го купил во 1988. година, дури 7 години ја градел својата куќа од соништата, а за тоа издвоил 63 милиони долари.


Хуманитарец

Со сопругата Мелинда донирал 30 милијарди долари во разни здруженија, а една од главните цели во животот му е да ја уништи маларијата. Затоа секоја година дава две милијарди долари за истражувања. Најавил дека по смртта на децата ќе им остави десетина милиони долари, а останатото ќе оди во хуманитарни цели.

No comments

Powered by Blogger.