Помеѓу моќта на оружјето и пропагандата: Еве зошто новиот ирански стелт ловец е „играчка за деца"


Дури и кога сите проблеми со кои што се соочува иранскиот најнов ловец од петтата генерација бидат решени, под знак прашалник ќе остане стабилноста на ова летало.
Самостојно развиениот ирански ловец наречен Qaher F-313 - стелт авион од петтата генерација, би требало наскоро да се најде во сериско производство. Сепак, се чини дека станува збор за лошо смислен пропаганден трик, а не за авион кој што може да им парира на американските, европските и руските.

Иранскиот генерал Хосеин Дехкан, истакна дека авионот Qaher F-313 е во завршна фаза на изработка, по што ќе биде подготвен за тестирање. Станува збор за логистичко летало со краток долет, лесен ловец наменет за борбени задачи. Само некои од воените аналитичари го окарактеризираа како авион од петта генерација.


Повеќето од западните експерти ги нарекоа авионот Qaher F-313 за вистинска шега. Многумина дури и го споредија со играчка за деца. Според многумина, со оглед на скромниот број на објавени фотографии, може да се заклучи дека не станува збор за сериозен проект.

Во најдобар случај, станува збор за еден вид на тестирање на нови технологии. Моделот кој што ѝ е сервисиран на јавноста всушност е една обична макета. Тоа што веднаш паѓа во око е минијатурната големина на изложениот модел. Во него нема место за електроника и гориво, а не пак за оружје. Не е јасно дали е вграден дури и моторот, имајќи ги во предвид двата исклучително мали издувни отвори.


Најголемиот проблем на Иранците е пронаоѓање на доволно мал млазен апарат. Најочигледен избор е моторот Ј85 на американската компанија "General Electric" кој што Иранците се обиделе да го копираат, но нивната верзија била доволна само да го запали авионот. Дури и кога тој проблем би го решиле и моторот не би предизвикувал пожар, останува под знак прашалник стабилноста на авионот.

И кокпитот е премногу мал за димензиите на еден просечен пилот. Видливоста на стаклото е просто ужасна, а според аналитичарите, единствено инструментите во кабината се чинеле како убедливи и употребливи. Како што еден инжинер кој што се занимавал со конструкција на објекти со низок радарски одраз забележал, иако површно гледано иранскиот авион наликува на стелт авион, сепак неговиот радарски пресек и натаму бил прилично голем.


Дизајнот на стелт авионот е многу посложен од обидот да се направи труп со ниска радарска видливост. Материјалот на изработка, па дури и бојата на авионот мора да биде од посебен тип. И внатрешноста на авионот мора да одговара на надворешниот облик, а авионот мора да има систем кој што го следи нивото на одразот на леталото кај радарите и да го предупредува пилотот за тоа. Засега, нема докази дека Иран располага со таква технологија.

Единствениот логичен заклучок на воените експерти е дека Qaher F-313 е обична фарса, лошо смислен пропаганден трик кој што тешко дека ќе успее некого да го измами.

No comments

Powered by Blogger.